Author Topic: Десулфатор за автомобилски акумулатор  (Read 5052 times)

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3012
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Десулфатор за автомобилски акумулатор
« Opened on 04.03.2018, Sunday, 21:08:39 (Edited 14.04.2018, Saturday, 19:29:14) »
Маката и студовите оваа зима ме натераа да го направам овој склоп, откако едно сабајле ме пречека „мртов“ акумулатор. Нема да пишувам многу околу штетните ефекти од сулфатизација на плочите во акумулаторот, верувам дека повеќето се веќе запознаени со оваа тематика, а може да се најдат и еден куп материјали на нет.
Шемата ја најдов на еден соседен форум. Првиот акумулатор што го „лечев“ не преживеа поради моја грешка, бидејќи повлече поголема струја од полначот, при што проби една ќелија и напонот му падна на 10V, па не успеав да го истестирам уредот до крај. Пред некое време ми дојде до рака уште еден акумулатор од 55Ah погоден за третирање, па решив да пробам да го оправам. Иначе, за да има ефект овој склоп, акумулаторот не треба да е сосема отиден, т.е. напонот да не му е паднат под 10,8V. Значи, во обзир доаѓаат само акумулатори кои се функционални, но имаат изгубено дел од капацитетот, односно се случува кога е ладно да не успеат да го заверглаат моторот. Иначе, според авторот на проектот,  за да се види полниот ефект од десултатизацијата акумулаторот треба да се „третира“ барем неколку стотини часа. Во продолжение неколку напомени околу склопот, начинот на работа и изработката, дадени од авторот, текстот е на српски, но верувам сите ќе го разберете:

Quote
Zuto belo jezgro je inace jezro sa distribuiranim procepom, i to velikim, tako da se flyback moze praviti sa njim. Bifilarno motanje po celom obimu ce obezediti cvrstu spregu L1 i L2, te ce sekundar uklampovati primarnu stranu na Ubat x 2 + V(Llk).

Maleni visak rasipnih induktiviteta, koji potice od neidealne sprege L1 i L2 ce biti "progutan" zenericama D3 i D6 u vidu malo toplote, ujedno smanjiti discipaciju interne body diode koja klampuje na 55-60V otprilike.

Eenergija punjenja L1, ciji pik dostize oko 3Apk, biva najvecim delom ponovo vracena akumulatoru praznjenjem L2 u suprotnom smeru u aku.
Tako se obavlja recirkulacija +- priblizno 3A kroz akumulator, uz srednju potrosnju sklopa samo za gubitke flybacka.

Efekat desulfatizacije se obavlja stalno uz benignu potrosnju sklopa.

Uredaj moze besprekidno biti zakacen na aku: U voznji, kada je parkiran, dok se puni, itd itd...

Sam sklop trebalo bi da ima srednju potrosnju reda <100mA, sto je blisko struji samopraznjenja akumulatora ili perifernim sklopovima tipa nekoliko LED od alarma i slicno...

Efekat desulfatizacije sa +- svega 3A je spor, i bice potrebno bar par stotina sati za pun efekat prisustva desulfatora.
Quote
Zuto-belo storage jezgro iz ATX je jezgro sa procepom. To treba zapamtiti.

To storage jezgro, koje se koristi u PC napajanjima, ranije je bilo MPP tipa (skuplje a bolje), a sada je obicno "send dust" (jevtinije i malo losije).
Uobicajen naziv po stranoj literaturi je "Iron Powder Toroid".
Procep se podesava gustinom metalnih zrnaca u vezivnoj masi i permeabilitetom samog metalnog sastava.
Procep se u stvari sastoji od bezbroj malenih procepa izmedu tih metalnih zrnaca, i njihov ukupni zbir cini konacni sumirani procep citavog jezgra.

Procep je distribuiran (rasporeden) po celoj zapremini jezgra, te je zato odomacen jos jedan naziv za takva jezgra: "Distributed Gap Toroid".

Nisu sva feritna jezgra sa procepom, ali to belo-zuto jeste, i to sa pozamasnim.
Takva jezgra su predvidena za snazan DC bias i ponasaju se slicno klasicnim jezgrima sa povelikim procepom.
Quote
Desulfatoru treba akumulator a ne ispravljac. Ispravljac u smeru "davanja" struje ima relativno mali otpor, ali zato u smeru primanja struje nazad iz kalema ima veliki otpor. taj nepotrosen "visak" zavrsava kao toplota na zener diodama.
Akumulator je dvokvadrantni izvor. Tj. sposoban je da "da"i da "primi" struju, za razliku od ispravljaca.
Kada to stavis na akumulator onda ce se zenerice veoma malo ili nimalo zagrevati.
Sto je ispravniji akumulator - sve manje toplote na zenericama.
Quote
Debljina zice moze biti od 0.5mm pa na vise. Koju imas.
Da ne zaboravim:
Moras ispostovati smerove motanja, tj. tacke na krajevima namotaja u semi. To je neophodno da bi ti to ispravno radilo.

Tacke oznacavaju pocetak namotaja, pod uslovom da su svi motani u istom smeru.
Takode je vrlo vazno da budu namotani bifilarno.
Motas odjednom sa obe zice, potom povezes krajeve da ti tacke odgovarju onima sa seme.
Zice za koje sam napisao na semi da trebaju biti kratke, trebaju stvarno biti sto krace.
Quote
Da bi ispravljacem imitirao akumulator, bice ti potrebno bar 20-tak hiljada mikrofarada sto blize desulfatoru. Tako mozes za pocetak na stolu isprobati napravu, ili pak direktno na aku gde ti onda nikako ne treba elko, cak bi i smetao desulfatizaciji.
Dakle, desulfator kao naprava se smesta na minimalnom mogucem rastojanju od akumulatora.
Шема од уредот:


Изглед на плочката:



Со овој додатен склоп може да се провери исправноста на уредот, ако е се во ред на излезот волтметарот треба да покаже околу 24V или повеќе:


Неколку слики од мојот изработен десулфатор:







При работа се загрева само јадрото, при што станува млако на допир, другите делови не се греат. Исто така, се слуша и тивко пиштење од него, што е индикатор дека уредот работи.
За сега се поминати стотина саати одкако го третирам акумулаторот, секој ден со пауза навечер, нека поминат уште неколку стотини саати па кога ќе имам повеќе резултати ќе пишам дали има некаква промена.
За крај еве ја и плочката во спринт:
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3800
  • Gender: Male
Да не ја претераш само... Патем настанува десулфатизација и со тие пулсните(тиристорски) полначи и со секој кој полни до 15.7в(10-20мА). Секако ова би требало да е далеку по ефикасно.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3012
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Не можеш да претераш, релативно мали се импулсите што ги ствара, и самиот автор пишува дека може цело време да биде приклучен уредот.
Ќе видиме како ќе се покаже во пракса... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3800
  • Gender: Male
Пробај па кажи :) Зборот ми беше да не го одери скроз активниот слој, а може кога ќе се десулфатизира и нема ефект натака.

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12416
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ама ова може да се примени само на класични акумулатори, не и на суви така?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3012
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Не знам дали патат и тие од сулфатизација.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 574
  • Gender: Male
Сувите имаат сосема друга хемија.


Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3800
  • Gender: Male
Нема баш суви :) инаку ако се на H2SO4 патат, без разлика дали се отворени, затворени али со тоа едно како памук(ко демек суви).
Останатите не знам како работат.

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Го направив уредов пред 2-3 години, во периодот кога за првпат се појави шемава. Уредот проработе од прва, без проблем. Треба само да се припази на изводите од калемот. Инаку десулфаторот е ефикасен. Кога го направив, требаше да го менувам акумулаторот. Му беше паднат напонот значително под номиналниот напон и несакаше да прима струја од полначот. Едноставно не започнуваше процесот на полнење. Си реков за проба пари не земаат и го направив уредот набрзака. Полначот и десулфаторот ми беа вклучени заедно. Набрзо акумулаторот почна да се полни. Откако ќе дадеше дека е наполнет (на почетокот тоа се случуваше за многу кратко време) го гасев полначот, а десулфаторот го оставав вклучен. Кога повторно ќе му паднеше напонот, повторно му го пуштав полначот. Интервалите на полнење постепено се продолжуваа. Колку за инфо истиот акумулатор го користам веќе трета зима по ред. Не сум му мерел капацитет. Од време на време го вадам од кола и му правам "третман" и не ме оставил за ова време. 
Во упатството се вели дека може да се остави на акумулаторот додека е во кола, но мене ми е некако шубе заради компјутерот во колата. Нели прави промени во поларитетот, па да не го зезне компјутерот...

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3012
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Ова е добро да се знае... ;)
Иначе, баш оваа шема ја правеше, пошто ги има неколку што се вртат по форумите?
За оставање цело време во кола и јас се сложувам, не би го оставил постојано приклучен.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Да баш оваа истата, од оној српскиот форум... :-\ не ми текнува како се викаше. Нешто муабетот беше за некој член ја дизајнираа, а базирана на некој руски десулфатор, ако ме држи добро сеќавањето. Инаку онаа зенерката 12V ја немам ставено. И без нејзе си работи :D

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3012
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Таа зенерка се става заради заштита на 555-ката од напонските пикови што ги ствара уредот.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Online GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12416
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Во упатството се вели дека може да се остави на акумулаторот додека е во кола, но мене ми е некако шубе заради компјутерот во колата. Нели прави промени во поларитетот, па да не го зезне компјутерот...

Не би требало да направи проблем... сепак станува збор за мали струи, ама па, од друга страна... и јас не би го пуштил додека акумулаторот е врзан во кола ;D. Што е сигурно, сигурно е ;).

Во секој случај добра информација ;). Да знаеме да не ги фрламе старите акумулатори ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Само да се има во обзир дека десулфаторот не е семоќен. Доколку има ќелии во краток спој, тешко дека ќе има ефект и 1000 циклуси да поминат.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3012
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Ако има пробиено ќелија никој десулфатор (или било кој друг уред) не го оправа акумулаторот. Исто се сложувам и дека десулфаторот не е семоќен, пред се наменет е за сеуште функционални акумулатори кои изгубиле дел од капацитетот, ако се превише отидени нема да има некој ефект десулфаторот - бар не овој со овие струи.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio