Па... ако е проблематичен софтверот, најчесто изгледа се како да работи како што треба, ама нема ни слика, ни мени... ништо. Едноставно, се пушта во работа телевизорот и бланк екран има... толку. Ни сака да влезе во мени ни splash screen по вклучување во работа... ништо. Притоа, најчесто, не грее многу процесорот бидејќи софтверот укочува некаде и не сака да продолжи да се load-а до крај. Има и сутуации, ако софтверот влезе во некој loop на исчитување/запишување, процесорот да грее многу. Ова е тешко да се дијагностицира и освен ако немаш dump баш за тој модел и да пробаш да го презапишеш во flash-от па да видиш дали ќе се подигне, нема друг начин како да разграничиш дали проблемот е во софтверот или процесорот.
Матична плоча пробај да најдеш на ebay или aliexpress. Може да најдеш и некоја користена, ама исправна, само гледа да е од ист модел за да не мора да менуваш софтвер на плочата. Ако начекаш нова, најверојатно или ќе биде бланк flash-от или софтверот во него најверојатно нема да одговара за твојот модел... освен ако по некоја случајност е универзален софтверот (прилагодлив) или евентуално (уште помалку веројатно) софтверот во него е баш за твојот модел.
EDIT: Може да провериш и колку струја влече процесорот на напојувачкиот rail. Би требало да е 3.3 или 2.7V rail. Можно е и напојувањето директно да не го дава овој напон, туку преку секција за стабилизирање/намалување на напонот да го дава напонот за напојување на процесорот. Ако влече повеќе од 3, 4A на тој rail веднаш по вклучување, најверојатно е отиден. Додека се се подигне, треба да помине барем секунда или две и процесорот троши повеќе струја само ако обработува нешто. Додека се подигнат периферии, flash, совтвер, ова она, не би требало да троши повеќе од 1A (не знам што MCU има, така да, од око, лаички, би кажал 1A максимум). Е, тек кога ќе почне да декодира (прикажува на екран) дигитални канали, особено ако се HD, тогаш треба да рипне потрошувачката.