Author Topic: Помош околу избор за клима инвертер  (Read 11756 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Како не ќе се гушел, санки пингвин е овапа ќе се гуши. Побрзо ќе загрее, побрзо ќе исклучи и тоа е. Ако фати зима како ланскава таман е, мада и 3kw за 30 квадрати е доволно. Е сега, и најобична клима ќе грее на -20, ама прашањето е колку. Ако и е ефикасноста под 1, што дека е клима, нема да има никакви заштеди. Само што ќе ја платиш скапо. Навидум изгледа топ, да работи на -20, штеди енергија, све супер само што не кажуваат дека на -10 веќе ефикасноста и е како калорифер, на -20 нема ни 1/3 од декларираната вредност.

Offline darkoveleski

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 63
  • Gender: Male
 а кај се гледа за ефикасноста да видам ,и шо е тоа под 1 (kw iили несто друго)/, :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Помош околу избор за клима инвертер
« Reply #17 on 15.08.2017, Tuesday, 23:56:41 (Edited 16.08.2017, Wednesday, 00:03:14) »
Колкава е ефикасноста на определена температура. Колку од вложената енергија ја претвора во топлина. Тоа е коефициент, кај класичните грејни тела е секогаш помал од 1.

Барај EER (Energy Efficiency Rating) ознака и види колку е... мада колку што гледав online, скоро сите производители го дефинираат овој фактор само за ладење и за греење, не и за „на надворешна температура од толку и толку, има EER од толку и толку“. Значи, никаде не начекав крива EER vs. Temp. Не дека не знаат како изгледа кривата или колку е факторот под, на пример -10, туку срам им е да пишат, бидејќи, како што пиша bicikle, најверојатно паѓа многу под 1 на ниски температури, што практично значи дека ти е исто дали ќе пуштиш грејно тело или клима.

Ако успееш некако да добиеш некои вредности за овој фактор за определени температури под 0 степени, не ги земај здраво за готово. Производителите често знаат да пумпаат вакви вредности, бидејќи знаат дека корисникот нема начин да оцени дали факторот навистина е толкав колку што пишале или не... освен преку сметката за струја, која и не е некој директен показател за вредноста на овој фактор.

Еве некој сајт за продажба на клими, но имаат и некоја секција за споредба на климите што ги продваат, нивна ефикаснот, итн. Мада, како што пишав, ова се вредности кои ги имаат дадено производителите, што значи, дека треба да се земат со резерва.

Code: [Select]
http://www.currentforce.com.au/CompareAirConditioners.aspx
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline darkoveleski

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 63
  • Gender: Male
Значи вака.
За haier tundra 3.5kw eer 2.81
haier tundra 5kw eer 3.24
toshiba mirai  RAS-13BKV-Е 3.5kw eer 2.92
Сега шо велите шо е подобро.Извинете на малтретирањето.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: Помош околу избор за клима инвертер
« Reply #19 on 16.08.2017, Wednesday, 01:05:04 (Edited 16.08.2017, Wednesday, 11:33:10) »
Инаку коефициент на ефикасност под 1, значи за секој вложен киловат струја добиваш топлина помалце од киловат. За да е добра климата за секој вложен киловат треба да добиваш толинскка енергија од мин 4kw.
Прво под хаиер на гугл ова излезе. Уште сакаш да го купиш?

Code: [Select]
https://www.consumeraffairs.com/homeowners/haier-air-conditioner.html
Од греалка уште не сум слушнал некој да се пожали. Да платиш 600еу и да мрзниш не е воопшто ок. Крај краева земи калорифер/панел зимава, немој да избрзаш. Ок е што се консултираш, знам дека продавачите се слаткоречливи и ќе застанат на трепки само да те убедат да земиш нивни производ, али пробај согледј ги работите реално.
Продавачите за тоа земаат плата т.е. процент и нормално е да ти ги фалат нивните производи. Одат на неколку месечни/годишни обуки за тоа.
Една е декларација на писмено, друго во пракса.
Малце оф-топик: Ако ти е во сеќавање истото го направија wv пред некоја год со издувите и софтверот...
Значи не верувај на слепо, него прашај некого кој ја користи климата 5-6 год. По можност види ги сметлите за струја, појди изненадно зимава на кафе колку да видиш амбоентална темп.
Тие даикин мислам дека се солиден компромис со тоа што под -10-15 ќе работи како обичен калорифер, али па за ефтини пари до -10 имаш заштеда а на лете ќе те лади. По потреба калориферче од 10-20евра.
Може и некое панасониче, самсунг или слично ќе начекаш за 600 еу, нека е 1.5kw, за ладење ќе лади, а за греење ќе догреваш, пак повеќе ќе штедиш.
Да ти кажам право и јас бев на мисла да земам инвертер, али од до сега споменатите причини се уште одложувам...
П.с. Гига ако инвестираш во донар инвертер/парно било што и не баш дека губиш, макар следната година да ти текне да се селиш верувај дека ќе ти се исплати инвестицината. Еве се продаваат два идентични објекти, едниот со клима другиот без, со соодветна разлика во цена. Која би одбрал? А да речиме еве тебе ти се брза да одиш германија, уса... било каде. Е сега бидејќи си на централно,  веќе го имаш адутот...
Патем најавија поскапување на бела техника за 20% во следната година, така да изгледа тоа е тренд и на климите, али сепак подобро е да платиш дупла цена за производ кој ќе те служи и ќе ти приушти комоција него 300 еу за нешто што нема да го користиш.
Е сега математичката апроксимација ќе си ја направиш сам, пошто никој не знаеме да речиме денот како го врвиш, колку си зиморлија, колку си саклетџија итн... ако трошиш цела грејна сезона 12.000 ден со греалка, скапа клима ќе ти се исплати никад. Може планираш за 2-3 год да се жениш на пример, па со тоа и да се преселиш, па климата нема да ти одговара па џабе фрлени пари.
Од тие клими, таа 5.5kw е предимензионирана (не дека ќе се гуши, него немаш потреба ) окулу 3kw би тревало да е таман, мада консултирај се со стручни лица.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Помош околу избор за клима инвертер
« Reply #20 on 16.08.2017, Wednesday, 12:04:59 (Edited 16.08.2017, Wednesday, 12:11:41) »
П.с. Гига ако инвестираш во донар инвертер/парно било што и не баш дека губиш, макар следната година да ти текне да се селиш верувај дека ќе ти се исплати инвестицината. Еве се продаваат два идентични објекти, едниот со клима другиот без, со соодветна разлика во цена. Која би одбрал? А да речиме еве тебе ти се брза да одиш германија, уса... било каде. Е сега бидејќи си на централно,  веќе го имаш адутот...

Не гледам поента да инвестирам, прво, ако за брзо време планирам да се селам. Искрено, не дека сега одма во план ми е да си одам од МК, ама дека би сакал да си одам, да, дефинитивно. Така да, не знам колку ќе ми се исплати оваа инвестиција... дури и да не бев на централно. Ако имам некоја идеја/план да си одам, значи работам на тоа или чекам погодна ситуација/понуда. Ако дојде, не му ја мислам многу. И, ако сум инвестирал, дури и да не сум на централно, за што сум инвестирал? За потоа да го продадам? Епа извини, не планирам да фрлам пари за нешто за потоа да го продадам за половина или третина од цената која сум го земал. Подобро ќе ги фрлам дел од тие пари за струја и нешто друго што во меѓувреме би ми требало. А освен тоа, ова и не е баш така мала инвестиција. Мене платата не ми ја даваат за цела година наеднаш, па да може да инвестирам во вакво нешто „туку така“. Треба да штедам или да подигнам кредит, а немам намера за ваква работа да го правам ни едното и другото. Ако ми студи, ќе си си облечам џемперче и тоа е тоа.

Второ, кај нас понудите за вакви работи се секогаш катастрофа. И сам знаеш што ѓубре се носи кај нас. Ретко да нечакаш нешто квалитетно... па треба да се бафташ, да бараш, да се шеташ... повеќе пари ќе истрошам на шетање отколку на самата клима и зошто, на крајот да земам нешто што мислам дека е ОК... не добро, само ОК.

Неповрзано со претходниов муабет, не знам дали кај Амит во Сингелиќ (Ченто) носат стари клими/инвертори. Не е лошо да се провери дали носат. Од таму имам земено многу работи, ретко од нешто да се пожалам. Последна работа беше машина за перење Miele. Тие се како Ролс Ројсови во машини за перење. 12 илјади ја платив, ама... скоро нова беше. Само еден проблем имаше со drum light-от (има една сихаличка внатре во бубањот, свети кога ќе отвориш врата за да гледаш внатре во бубањот дали ти останало нешто по перење, да не си заборавил некое чорапче, прслуче ;D), откако ќе се запали, по 10, 15 секунди се гасеше и почнуваше да пишти целата машина и на дисплејто пишуваше "Drum light error" и не даваше ништо да избереш од менито за перење. Изгаси ја, пушти ја пак, нема проблем, ама треба брзо да ја полниш за да не го јави пак тој error или евентуално да ја полниш изгасена, па да ја пуштиш, веднаш да ја затвориш вратата, за да се изгаси сијаличката, па потоа да избереш програма. Ми се смачи од овие заеб*нции, само го извадив конекторот за drum light од control board и... нема проблем. Најверојатно ова се сметало како „фабричка мана“ во Германија, па затоа и ја дале скоро нова, ама што ми е гајле за една сијаличка, битно се друго е коска. Таква машина за перење кај нас би чинела 700, 800 евра, можеби и повеќе, а не знам дали квалитетот би бил ист како Германските. Затоа мислам дека не е лоша опција и ова да се разгледа. Можеби носат и такви работи (клими/инвертори).

Може планираш за 2-3 год да се жениш на пример, па со тоа и да се преселиш, па климата нема да ти одговара па џабе фрлени пари.

За вакви работи правам муабет. Многу пари за уред кој можеби е квалитетен, добро работи, не троши многу струја, ама џабе ми е се кога се монтира на фиксна позиција. Не можам да го преместам кога сакам. И ако планирам да го селам, треба да го демонтирам, па да ја затворам дупката, па цевките да ги вадам, па каблите, па... више дара него масло.

Затоа, лично јас барем, би инвестирал во најевтина опција. Зимно време, грејни тела, летно време, клима.

Повеќе има логика се инвестира во изолација отколку во квалитетна клима со не знам каков EER. Поскапо е, ама па, освен ако не ја рушиш куќата/зградата, секогаш секој ќе има ќар од таква инвестиција, кој и да живее во таа куќа/зграда. И секогаш ќе можеш повеќе на цена да и додадеш отколку ако ја продаваш со екстремно квалитетна клима со огромен EER. Обични смртници не знаат што е тоа EER, само знаат дека се продава со клима станот/куќата.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Точно Гига, затоа реков да се направи математика, а женењето го спомнав само како пример, ете ти си планирал да "бегаш" странство, што му доаѓа исто :)
Не велам дека за да продадеш куќа мораш да имаш клима, него дека ќе ти е само како плус адут. Нити пак дека ако одиш странство дека мораш да ја продадеш "старата" куќа.
Него само ако планираш да живееш во тој станбен објект по исплатлово е да инвестираш во добра клима, ако веќе сакаш да се грееш на клима, за 10 год сама ќе се исплати климата. Ако е провремено живеалиште за 2-3год на пример и онака нема многу да ти сменат во животот тие 200 еу. што би ги заштедил, а си дал 2000 еу за клима...
Друга работа, ако клима пред 10-15 год беше луксуз, сега е потреба. Во зависност од ситуацијата условите итн. ке си направиш план, ќе си испланираш буџет и ќе си купиш соодветна клима. Мислам дека нема некоја разлика од еве на пример твлјата клима до некоја од 600 еу, значи ако е за краткорочен план нај веројатно најдобро е поефтината клима да се одбере + греалка. За постојано живеалиште, еве и јас се мислам на што да се греам, годинава сигурно ќе се протурка со панели/калорифери, за на така ќе видиме, и јас се мислам, правам пресметки итн....
Значи не сугерирам никому да купи скапа клима, верувајте јас немам никаква корист од тоа, нити пак продавам клими па да ме засега кој каква клима ќе земе. Јас само го изнесувам моето какво-такво знаење кое би можело да се искористи како параметар при планирање на инвестивија за клима. Може некој ќе изнесе некое друго оскуство, други факти, подобро ќе се организира па ќе биде од помош и на мојата одлука.
Муабетот ми е да ги изнесиме ( секако кој сака ) нашит убедувања и искуства со климите со цел да се добие по реална слика околу климите, а секако никој не е во "кожата" на никого, па секој си знае за себе што е најдобро, си ги знае плановите за иднина, финансиската состојба, други фактори итн.
Може малце навлагам во детали, али нај веројатно таков сум по природа, ете во предходната тема за едни клешти од 20$ две недели се мислев, разгледував итн.. не па за клима, најверојатно за тоа се уште го немам решено тоа прашање :)

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Ефикасноста на климата се одредува со два коефициенти, едниот тој шо го спомнавте ЕЕР, а другиот е COP. Едниот е за ладење, а другиот е за греење и ова важи за инвертер ако е. Принципот на работа се заоснова на топлинска пумпа. Ако надворешната темп. е во минус, од каде ке најди системот топлина да ја внеси во просторијата.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Ако е надвор -20, системот ќе се излади на -60, што значи внатре ќе дува со 40 степени разлика т.е. 20 степени. Ваљда нема да фати зима од -273.16 степени :)

Offline darkoveleski

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 63
  • Gender: Male
Одг: Помош околу избор за клима инвертер
« Reply #24 on 16.08.2017, Wednesday, 20:29:11 (Edited 17.08.2017, Thursday, 00:03:38) »

 Еве линк од Haier Tundra инвертери ,е сега прашањето е дали 3,5 или 5кв
Koдирај линкови!
Code: [Select]
[url=http://energija.com.mk/wp-content/uploads/2016/05/Haier-TUNDRA-2016cut.pdf]http://energija.com.mk/wp-content/uploads/2016/05/Haier-TUNDRA-2016cut.pdf[/url]имаат mitsubishi компресор со 5 год гаранција.
Ај видете па кажете која да биди  ;D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
За да ти кажиме точна пресметка, треба да ни кажеш колкава е термичката изолацина :)
Би требало 3ката да е доволна. Со средна изолација.

Offline darkoveleski

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 63
  • Gender: Male
Изолација нема ниакава брат,а деновиве треба да местам пвц дограма Rehau brilian deisgn 70mm 5 коморна со термопан стакло 4 сезони е, сега 5ката има поголем eer 3.24 и  cop 3,72 си викам за нејзе за во сличај нешто да преправам во станов ,па после да треба појака.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Е сега зависи колку ќе прошируваш, прозорите бркаат работа и тоа како. До крај 30-40 квадрати би требало да крепи 3-ката. Мада за 40 квадрати подобро 5-ка, вака одоко....