Правило е при вакви ситуации да се исклучи врската со третиот извод од ВН трансформаторот и на местото на B+ да се постави сијалица во однос на минус (маса). Ако сијалицата свети тогаш проблемот е во како што напиша и GigaWatt во хоризонталниот излезен степен i после ВН трансформаторот (пример вертикален излезен степен). Во спротивно проблемот е „назад“ во напојувањето!
Да, заборавив да пишам да го оптовариш напојувањето за хоризонталниот излезе степен со сијалица. Со ова ја тестираш напојувачката секција за хоризонталниот излезен степен (B+).
Околу проблемот со зуењето и прегревањето на BU508, можно е високонапонскиот трансформатор да е пробиен. Ако имаш на располагање LOPT/FBT тестер, провери го со него. Ако е пробиен, ако можеш да најдеш заменски, замени го и види дали пак ќе зуи и дали ќе прегрева BU508.
Ако немаш LOPT/FBT тестер на располагање, извади го високонапонскиот трансформатор и визуелно провери дали некаде е напукнат. Ако е напукнат, пробај наполни ја пукнатината со силокон и види дали пак ќе зуи. Ако не зуи и ако не прегрева BU508, решен проблем, не мора да го менуваш високонапонскиот трансформатор, би требало уште долго време да работи репариран со силикон
.