Абе не знам што е нејасно. Ако купуваш од 10.000uF, ќе ти требаат 5, ако купуваш од 4.700uF, ќе ти требаат 10. Види колку чини секој од нив, направи ја математиката и терај.
И јас сум со LordZi за ова. Не дека се нови, може да начекаш и на старо квалитетни (користени, ама brand name), но без разлика какви ќе купиш, ESR-от ќе падне многу ниско. Во случајот со 5, ќе биде 1/5 од ESR-от на еден кондензатор (да земеме условно дека сите имаат ист ESR). Во случајот со 10, ќе падне на 1/10. Како и да е, ќе добиеш екстремно понизок ESR во споредба со еден кондензатор од 47.000uF. Единствена предност кај комбинацијата со еден кондензатор е просторот, помалку ќе одзема простор од 5 или 10 паралелно врзани.