Еве еден едноставен и корисен уред, со кој, за разлика од обичен фазомер кој ја проверува само фазата, може да се проверат сите водови - фазата, нулата и заземјувањето.
Кога ќе се приклучи тестерот светат и двете тлеалки со половина сјај, што ни кажува дека се присутни фазата и нулата и нема прекин кај нив. Кога ќе се притисне тастерот едната тлеалка се гаси, а другата светнува со полн сјај, што значи дека и заземјувањето е во ред и не е во прекин. Фазата се наоѓа на приклучокот каде што светнала тлеалката.
При испитување инсталации каде што веќе знаеме каде ни се фазата и нулата, може да се додаде отпорникот 100к (нацртан со испрекината линија), во тој случај по приклучувањето свети само долната тлеалка, а кога ќе се притисне тастерот се гаси и светнува горната.
За крај и некоја слика од мојата изведба...