Мислев на beeper подрачје, нели е тоа за диоди?
Не, има посебно подрачје за диоди, таму јавува пад на напон.
Забележи го V-то веднаш над цифрите од левата страна
.
Таму добивам 54 ( сметам дека се оми ).
Ако е на beeper подрачје, тогаш да, најверојано се оми. Но тоа не е правилен начин за да измериш диода или транзистор. Ќе покаже некое омско исчитување, но не може секогаш да се верува на тоа исчитување. Направилен начин за мерење на транзистори или диоди е или преку подрачје за тест на диоди кое јавува пад на напон на PN спојот или подрачје кое го прикажува h
fe-то на транзисторот
.
И никаде не можам да добијам никаков резултат, освен помеѓу база и колектор. Никаде не јавува ни кратој спој.
Тогаш, најверојатно е исправен... што значи дека има некој друг проблем целиот овој склоп, нешто го ограничува излезот на 24V :S.
Види во кои граници се менува напонот на пин 3 од U2 кога го вртиш потенциометарот за излезен напон. Исто и за пин 6 на U3. Мери во однос на маса.