Author Topic: Лабораториски извор на напојување 0-30V / 0-3А  (Read 13997 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Во случај да ги одлемам R10 и VR1 што да направам на нивно место, да прелемам нешто или само така да оставам?

Само така, остави ги празни ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
И после ротацијата на операциските и одлемувањето на R10 и VR1 ситуацијата е непроменета. Не сака да попушти.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ај види случајно да не ги имаш збунето местата на Q1 и Q3. Колкава е напонот на базата на Q1 во однос на маса? На LED диодата и се менува јачината на сјаење кога го менуваш излезниот напон?
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Не се испомешани, во ред се. Напонот на база на Q1 се менува како што го вртам потенциометарот за напон, достигнува вредност од 24V. Што се однесува со диодата, свети кога имам приклучено некој потрошувач, а потенциометарот за струја е нагоден на минимум. Кога ќе го свртам таа се гаси.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Аха, таа е индикатор (предупредување) дека потрошувачот не троши струја од напојувањето ;).

Ај извади го Q1 и види случајно да не е изгорен. Може на diode test да провериш, база со емитер и база со колектор, како и емитер со колектор на омско подрачје или на beeper (треба да даде отворено коло меѓу емитер и колектор ;)).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Само помеѓу база и колектор добивам отпор од 54 оми, тестирав на подрачјето за диоди.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Какво е тоа подрачје за диоди што дава омски резултат ???. Треба да даде напон како резултат (пад на напон на база-емитер PN спојот, 0.7V или тука некаде). Провери дали е краткоспоен емитер со колектор. Тоа може на омско подрачје да го провериш или на beeper подрачје.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Мислев на beeper подрачје, нели е тоа за диоди? Таму добивам 54 ( сметам дека се оми ). И никаде не можам да добијам никаков резултат, освен помеѓу база и колектор. Никаде не јавува ни кратој спој.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Мислев на beeper подрачје, нели е тоа за диоди?

Не, има посебно подрачје за диоди, таму јавува пад на напон.



Забележи го V-то веднаш над цифрите од левата страна ;).

Таму добивам 54 ( сметам дека се оми ).

Ако е на beeper подрачје, тогаш да, најверојано се оми. Но тоа не е правилен начин за да измериш диода или транзистор. Ќе покаже некое омско исчитување, но не може секогаш да се верува на тоа исчитување. Направилен начин за мерење на транзистори или диоди е или преку подрачје за тест на диоди кое јавува пад на напон на PN спојот или подрачје кое го прикажува hfe-то на транзисторот ;).

И никаде не можам да добијам никаков резултат, освен помеѓу база и колектор. Никаде не јавува ни кратој спој.

Тогаш, најверојатно е исправен... што значи дека има некој друг проблем целиот овој склоп, нешто го ограничува излезот на 24V :S.

Види во кои граници се менува напонот на пин 3 од U2 кога го вртиш потенциометарот за излезен напон. Исто и за пин 6 на U3. Мери во однос на маса.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
На U2 напонот се движи од 0 до 25V, a на U3 стои константно 31V.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ај врти го P1 и мери напон меѓу емитер и колектор на Q1, види дали е константно околу 0.2V или се менува.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Се менува како што вртам. Достигнува напон од 24V.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
ОК, врти го P1 и пиши во кои граници се менува напонот на C4 (100nF).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Напонот на C4 се движи од 0V до 8,5V.

Offline tubemkd

  • Нов член
  • *
  • Posts: 27


На 1 операциски: на влезните пинови 2 и 3 напонот изнесува 4,4V, на пин 6 напонот е 8,8V, на пин 7 напонот е 35V.
На 2 операциски: на влезните пинови 2 и 3 напонот изнесува 4,4V, на пин 6 напонот е 38V, на пин 7 напонот е 39V.
На 3 операциски: на влезните пинови 2 и 3 напонот изнесува 13V, на пин 6 напонот е 29V, на пин 7 напонот е 39V.


Имаш некоја систематска грешка при мерењето. Пинот 7 на сите 3 кола е врзан во иста точка. Не смее тука да имаш различни напони. Или имаш некоја грешка во водовите на плочката или мериш на различни маси. (внимавај на негативниот напон).