Author Topic: Потребна помош за зголемување на напон  (Read 628 times)

Offline Napsterce

  • Нов член
  • *
  • Posts: 18
  • Gender: Male
Значи сакам од 12 волти да го кренам напонот преку трафо но сакам да пуштам синусен сигнал 20hz-10khz (пример од мобилен или од генератор) и истиот сигнал да го имам на излезот од трафото, на кој начин може да се направи вакво нешто? За драјвер на трафото ќе изработам контролер со NE555.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3541
  • Gender: Male
Епа со не555 де и трафо во зависност од потребите

Offline Napsterce

  • Нов член
  • *
  • Posts: 18
  • Gender: Male
Со не555 ама не е ваш така едноставно, значи
1 давач на сигнал (пример 3000хз синусен сигнал)
2 појачало на сигналот
3 тоа нешто што ми треба, да го задржува синусниот сигнал но и да го земе сигналот од 6ка ( драјверот со не555) и да го предаде на 4ка (трансформатор) каде што ќе се зголеми напонот. 5ка е антена (бакарна намотка). Поентата ми е да го зголемам напонот на сигналот ама фрекфенцијата да остане иста.

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 938
  • Gender: Male
Како што разбирам (малце конфузно ти е објаснето) сакаш да креираш синусен сигнал со амплитуда од 12 волти и да го пуштиш преку трафо ?

После трафото можеш да добиеш повисок/понизок напон зависно од трафото.. Само ако ти е за аудио намена ќе треба посебно трафо пошто обичниве мрежни трафоа не се проектирани за толкава фреквенција.

И зошто воопшто мора преку трафо да оди? Што не направиш едноставен засилувач на сигналот (пр. тразисторски) ??

Колкав напон ти треба на излез?

Опиши за која намена ти е за да може нешто поконкретно да кажеме.
Life is too short to remove USB safely ..

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 415
  • Gender: Male
ова ми личи на теслин трансформатор

Offline Napsterce

  • Нов член
  • *
  • Posts: 18
  • Gender: Male
Правам еден експеримент кој е многу сличен на теслиниот трансформатор. Преку трафо иде за да го крене напонот доволно за да има искра на излез.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 668
  • Gender: Male
Ако ти е за искрата, поедноставно од астабилен мултивибратор со NE555  и сплит трафо, не верувам дека би нашол.