Author Topic: Електролиза на вода за добивање на водород како гориво за автомобил  (Read 6168 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
супер е! Можеш да ставиш еден балон горе и нека се пумпа со водородот :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
еиии, закон еј..јас ова па никогаш го немам пробано...а и па нема да го пробам..ке се запалам жив... :S
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline ljup4o

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 155
хаха ви препорачувам да не го пробувате моето бесе поголемо и влечеше многу ампери мезнам точно колку јас го напојував со полнач за акомулатор  ;D а ова со балончинава со сапуница незнам дали има некој пробано да направи повеке од нив и да ги запали  ;D јас имам пробано и не беше баш убаво да се слушне  ;D  ;D  ;D  ;D

Offline stefan1984

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 116
Vcera bev kaj eden prijatel tuka vo Skopje i se iznenadiv kolku dobro napravil aparat za elektroliza a i povratni ventili za gasot bidejki pri prviot experiment mu explodiral , dali nekoj pravel probi na toj nacin.Toj ima dobieno 10 litri gas za 1 minuta dali nekoj ima presmetki kolku gas moze da se dobie i pri koja struja i napon i koj metal da se koristi za elektrodi toj koristel inox so silicium koj bil najdobar,plockite se: 4  prvata e plus 2 se bez napon  i zadnata e minus, treba de se raboti vnimatelno ,bidejki vodorodot so vozduhot stvara praskav gas koj explodira.

Колку ампери троши за 10 литри во минута ?

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
А не мисли некој дека е ова еколошки неисправно, што ако сите почнат да прават вака, може да се случи да се истроши половина вода на планетав, па да немаме што да пиеме... За разлика од природниот гас и бензинот (нафтата), нас ни е потребна водата за живот... Што знам, јас барем не би правел нешто такво во големи размери, чисто како експеримент може, но да го кирстам водородот од водата како гориво, не. Добро, ова е мое мислење, секој си има право на свое ;).
ја дур су жив ќе има вода, а после мене ако сака потоп нека биде   ;D

Споено мислење: 24.08.2011, Wednesday, 15:11:35
site sakaat da vozat kola na voda i da trosi malku
не, сака да има милиони и така да не ми е гајле колку бензин троши колата или колку пари е бензинот.. не би било пофино така ?  ;D ;D :D :D :D

Offline stefan1984

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 116
не е баш така поентата е дека прво економски бензинот е навистина многу скап во арапски свет е 2 евра 22 литра, да водата е поскапа но вода пиеме 5л дневно мах за таму говорам. Со авион да го носат во прва класа на секое седиште по 2 канистра да стават пак ке е поевтино. Ама еве 20г.  40%  како знам не пљачка државата. Другата работа е екологија, навистина оние кои живеат во центар над рекорд јас незнам како прозор отвараат прво чад второ бука, ама еве ако се користи водород ќе можат прозор да отворат, буката горе доле денес е решена изолација и сл. најповеќе гумите ја прават, убаво би било да се добие водород и кислород па од горивна ќелија да добиваат повеќе струја па во електромотор ама само така пишувам треба де се пресмета да се види.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12892
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Како и да е, економски е исплатливо, еколошки не е :S. Има бесплани извори на енергија кои лесно може да се претворат во електрична енергија и потоа да се трошат ;). Да, тоа е скапа почетна инвестиција (барем сега за сега, ако сатне по попопуларна, ќе и падне цената), но на долги стази, се исплати ;). Ќе си ускратите некои хирови опрделен период, и ќе можете да си дозволите такво нешто ;).

Јас ова не го измслив, други пред мене го имаат измислено и презентирано, како и направено (не за комерцијална употреба се разбира, хибридите не ги ставам во оваа класа). Така да, може да се смета за испробана работа. На пример, имате дома сончеви ќелии со кои си ја полните батеријата во колата, се возите со таа батерија 90, 100km и повторно се враќате дома да ја наполните. Не гледам каде е проблемот. Се е еколошки чисто и исплатливо. Дури и да не ја полните од сончеви колектори (на пример, доцна се враќате дома и сонцето е зајдено), можете да најдете друг извор на енергија, на пример ветер, или геотермална енергија. Се ова може да се искористи и најдобра работа е што е бесплатно и на никој не штети, а згора на тоа константно се обновуваа. Овие типови на енегрија константно се обновуваат сами себе (добро, не се непотршливи, но ако се земе колку време е потребно сонцето да изумре, можеме да „заокружиме“ дека се непотрошливи ;D, а сите останати извори на еколошка енергија зависат токму од него ;)).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
епа вака околу пресметките малце. Во просек за цела година паѓаат 5-6 киловати сончева енергија на метар квадратен. Да земиме дека ќелијата и батериите се 100% ефикасни(инаку ќелиите мислам дека се 27% ефикасни), да земиме просечен мтор од 100кс и идеална баерија(без ограничувања, без загуби ). денеска сме возеле цел ден, батерината ни е на нула. во текот на летото сонце грее некои 15 часа нека се. да речиме дека имаме еден квадрат панел. за 15 часа батеријата ќе ја наполни 75 киловати, што ќе бидат доволни за 45 минути возење, што би значело дека не иди во предид кинисување на подолги релации. ако си во куќа со двр можи ќе најш место за да посетелиш десет панели, ама в зграда кај ќе ги начукаш?
Е сега ако има некоја стратегија зградата, т.е. куќниот совет или станарите, па една страна од зградата(кај што фаќа сонце) и покривот да се покриени со панели можи да има некоја смисла..

Offline ivica.s

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 369
  • Gender: Male
  • RF Guru
    • Регистрирај се и заработи на envato.com

Бицикле имаш грешка, на квадратен метар паѓаат максимум околу 1 киловат енергија од Сонцето, и тоа на најјако сонце на екваторот. Овде кај нас бидејќи сме на север од екваторот и сонцето грее под косина, максимумот е околу 700 вати.

И обичните (поевтините) соларни ќелии се само околу 20 - 22 % ефикасни.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
хмм можи и да сум грешка, не велам не.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12892
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Добро, јас чисто ја спомнав како пример. Не значи дека мора баш неа да ја користиме за полнење на батериите на колите. Се зависи од тоа какви услови има на тој предел на кој живееме и каков тип на енергија се исплати да се користи ;).

Поентата ми беше дека има други начини и методи, но нема ништо да се смени ако двајца, тројца или петторица го сменат начинот на размислување и на производство на енергија. Потребно е ова да се случи на поголемо ниво и да е биде спонтано (едноставно не сакаат луѓето да плаќаат за нешто кое можат да го добијат и бесплатно, добро, не баш бесплатно, но еднаш се плаќа и потоа само се користи, во принцип така ќе му дојде). Кога ќе почнат вакви работи да се случуваат, да видите како ќе се направат и слорани панели со поголема искористност на енергијата, и уште едн куп други напредоци во овие типови на технологии. Бидејќи живееме во општество во кое зависиме од плата, а во овој тип на технологии сеуште нема пари, затоа и не се напрегаат луѓево да пронајдат подобри алтернативи, или подобрување на веќе постоечките алтернативи за еколошка енергија. Нема пари = не се замарам, многу малку пари има во тоа = ќе се замарам, ама дур ми се исплати, потоа не. Треба само  време да помине за да се сменат овие работи. До тогаш, ќе си возиме на гориво, тоа е тоа. Поентата беше, кога ќе стигне моментот да се префрлуваме на други типови на енергија за транспорт (па и за се останато, ако може), да не се разгледуваат алтернативи како оваа (возење на вода). Од еколошки извори на енергија има многу алтернативи, сигурен сум дека ќе се најде по некоја која ќе им одговара на повеќето луѓе ;).

И исто така не ми е јасно што е „муабетот“ со денешните коли. Зошто сите се гравирани до 220, 240km/h кога и онака најголема брзина со која ќе можеш да возиш на отворен пат е 120km/h. Тоа сеуште не ми е јасно. Ако е нешто друго освен „чаталење“ и ако може некој да ми објасни зошто е тоа така, бујрум ???.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3187
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Можда ќе го фризираш утре моторот да иде повише, па да не купуваш нова километража... ;) ;D
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
епа вака околу пресметките малце. Во просек за цела година паѓаат 5-6 киловати сончева енергија на метар квадратен. Да земиме дека ќелијата и батериите се 100% ефикасни(инаку ќелиите мислам дека се 27% ефикасни), да земиме просечен мтор од 100кс и идеална баерија(без ограничувања, без загуби ). денеска сме возеле цел ден, батерината ни е на нула. во текот на летото сонце грее некои 15 часа нека се. да речиме дека имаме еден квадрат панел. за 15 часа батеријата ќе ја наполни 75 киловати, што ќе бидат доволни за 45 минути возење, што би значело дека не иди во предид кинисување на подолги релации. ако си во куќа со двр можи ќе најш место за да посетелиш десет панели, ама в зграда кај ќе ги начукаш?
Е сега ако има некоја стратегија зградата, т.е. куќниот совет или станарите, па една страна од зградата(кај што фаќа сонце) и покривот да се покриени со панели можи да има некоја смисла..

Па и од мене малку корекција околу пресметките: ќелиите што се поефтини се околу 15-16 % ефикасни, а просечно се зема дека на еден квадратен метар паѓа 1000 W ама како што рече ивица.с тоа е максимум, така да ако ја земеме во предвид ефикасноста на панелите, од 1 м2 панел може да очекуваме 1-2 kWh акумулирана енергија дневно во просек.

Инаку мотор од 100 kW нема да потроши 100 kW за еден час возење. Тоа е топлотна моќ - а ефикасноста е околу 25 %.
Life is too short to remove USB safely ..

Offline ivica.s

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 369
  • Gender: Male
  • RF Guru
    • Регистрирај се и заработи на envato.com
Quote
Инаку мотор од 100 kW нема да потроши 100 kW за еден час возење. Тоа е топлотна моќ - а ефикасноста е околу 25 %.

Забегавме ептен многу од темава ама мора да те поправам  ;)

Ако моторот е 100 kW, тогаш тоа е онаа механичката моќност која се мери на работната оска на моторот (радилицата). Топлотната моќност за  мотор од 100 kW (136 кс)  ако е бензиски ќе биде околу 400 kW, дизелите се нешто поефикасни (околу 40 % ефикасност).

Топлинската моќ воопшто не го интересира возачот оти таа не придонесува за да оди колата побрзо  ;D,  со тоа се занимаваат инжинерите кои дизајнираат мотори.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
мисла дека електромоторите се 90%+ ефикасни, затоа  не ги зедов предвид загубите