Гига, малце ако размислуваме во друг правец... ти колку време го користиш тој хидрофор???
Пошто со тек на време се намалува количината на вода која може да се црпе од изворот, па оттука можно е и самата пумпа да не е дефектна, туку да јавува фолт пошто нема доволно вода да влече.. и тој мерач на проток дава сигнал дека е намалена количината на вода и така се исклучува пумпата.
Всушност, овој бунар им ја „краде“ водата на околните бунари бидејќи околните се до кај 10-тина метри (нешто можеби над 10 метри, ама далеку од 24 метри). Буквално немало момент да нема вода во него. Цел ден се наводнува бавча со градинарски култури од него, тера без проблем, никогаш не се случило да снема вода. Баш го перевме тогаш кога всушност и го разгледувавме проблемот (да утепаме две муви со еден удар ), од сабајле, цел ден друкаше компресорот, поплава направи, вода не снема , што да ви кажам. Самата пумпа е барем 1 метар под вода (ова е минимум, баш сме мереле, во најсушни периоди и кога максимално се црпи вода од него, не паднало нивото под 1 метар над самата пумпа), а најчесто е 2 до 3 метри под вода.
Само ќе додадам дека под пумпата има уште 4 метри вода (цевката оди уште 4 метри надолу), ама не ја спуштам толку ниско бидејќи ми имаат спомнато дека може да се закопа пумпата во песок ако водата од жилата што си ја погодил носи и песок и/или кал, а таква е оваа жила... нема премногу песок и кал, ама знае ако врне многу или ако врне долго време да се замати водата... што значи дека носи песок и кал при поголем наплив на вода. Паметно е тој песок и кал да се таложи на дното, под пумпата, значи да оставиш некое метро празен простор за таложење, односно пумпата да ја поставиш неколку метри над максимално ископаната длабочина и кога ќе го переш бунарот, да го исфрлиш тој песок и кал од дното. Му се имаше случено тоа на еден од комшиите, не го перел редовно бунарот и потоа не можеше пумпата да ја изади од бунарот, целата била закопана во кал и песок, пробале да ја извадат, се скинало јажето со која се спушта, потоа пробале и со кабелот преку кој се напојува пумпата да ја извлечат, и тој се скинал... тоа е тоа... ништо, се прости со пумпата, стави нова врз неа, ама бидејќи новата е барем на метро повисоко поставена (старата пумпа е под неа), се случува да снема вода :S.
Види ако имаш некакво упатство од пумпата, дали под овие услови дава fault.
Ех... упатство
. Прашај овој, прашај оној мајстор за пумпи... а и они врска немаат од електрониката за контрола, само знаат дека ја гаси пумпата кога треба да ја гаси и ја пушта кога треба да ја пушта
. Прашај ги зошто влегува во fault, ќе ти кажат „дефектира нешто“
. Па тоа и јас го знам, кажи ми што
.
Муабетов, чичко, чичко, јас знам што му е на автобусот, расипан е
.
А и 100 пати со нив се расправав, повеќето го решаваат проблемот со „смени се и ќе работи како што треба“. Ова е втора пумпа, сличен проблем имаше и со првата, па излезе дека е се ОК со неа, си работи како што треба... па згора на тоа сакаше и да ја земе, као демек, дефектна е, тебе нема да ти треба
. Па тебе што ќе ти е ако е дефектна
.
Не е поентата да сменам се, тоа и сам можам да го направам, тебе те викнав за да установиш што е проблемот, а не да ми продадеш нова пумпа, електроника за контрола, да ми наплатиш и за работна рака и да ми кажеш дека сега би требало се да е ОК
.
И ако е ова случај тогаш, еден мој предлог наместо да бушиш прекидачи низ цел двор и низ куќа земи направи едно коло за ресет и кога ќе јави фолт после 10-тина секунди (или некое друго време) автоматски нека ја ресетира пумпата.
Така ќе знаеш дека настанал fault и повторно ќе имаш вода
Ех, да си ми жив и здрав
.
Има, не еден, два тастери има
. Едниот е за ресетирање на електрониката, а другиот е за „ресетирање“ на кондензаторот за start-up (тој тастер само го прекинува напојувањето до пумпата, кондензаторот пак се полни и кога ќе го пуштиш, пак почнува пумпата со работа). Проблемот се средува на еден од неколку начини. Или рестирај ја електрониката, или пумпата или изгаси се од напојување или некоја комбинација од овие три (мислам дека нема правило во комбинирањето, еднаш „пали“ едно, друг пат друго
). Ама и ова не е решение. Зошто? Бидејќи и кондензаторот и електрониката за контрола се во шахта заклучена со катанец (проблематични се комшиите, прават пакости... не прашувајте зошто, комплицирана е работата
... кога ќе размислам, и не е баш така комплицирана, типична Македонска работа, да му цркне козата на комшијата
), па барај клуч за катанецот, па отклучувај, па ресетирај, па пак по 10 минути прави го истото
. А и да ја оставиш отклучена и отворена шахтата, треба да ја затвориш откако ќе завршиш со полевање, миење садови, што и да е, а некогаш сигурно ќе заборавиш и... наредниот ден може и да нема пумпа во шахтата или да имаш камен фрлено во цевката (бунарот), па иди извади ја пумпата кога ќе треба да го переш бунарот
. Му имаа така направено на еден од комшиите
. Човекот таман си платил да му го ископаат бунарот, наредниот ден да стави пумпа во шахтата, јок... не поминува пумпата повеќе од 2, 3 метри. Светеле да видат што е проблемот... што да видат, камен заглавен во цеката
. Македонска работа
, ти имаш бунар, јас немам, е сега и ти ќе немаш
.
@Giga
Гол тријак не се препорачува со индуктивен потрошувач ни за OFF/ON. Солид стејт е базиран на тријак,но има Snubber коло, ZeroCross детектор, коло за генерирање на импулс и оптоизолатор. И покрај тоа, повторно, не е препорачлив за индукцони (или асихрони) мотори, псебно на места каде машината работи автономно (без оператор).
Па не мислев баш да биде „гол“ (
)... ќе има и пасивни филтерски компоненти... што знам... можно е да пробувам нешто да експериментирам со онаа фазла пумпата (онаа која „као демек“ беше неисправна
), ама тоа... кога ќе имам време и кога ќе бидам таму (во село)... не сум често таму, така да, ако има update на оваа тематика, ќе има по подолго време. Сега за сега... најверојатно пак ќе се оди со решение со реле. Купена е нова електроника за контрола (само електроника, без додатните мембрани, пластични цевки, итн., односно без системот за мерење притисок), па ќе пробам со неа... ако е се ОК, значи проблематична била таа, ако пак зеза... ќе се бара друго решение.
Баш сакав дома да пробувам и експериментирам со онаа старата, ама немам време сега :S, за жал. Ај, ако има некој напредок и во оваа насока, ако стигнам да ја отворам и да си „играм“ со неа, ќе пишам
.