Па... ако ставиш поголем кондензатор во контролата ќе треба подолго време да проработи контролата, што игра клучна улога во вакви напојувања при каток спој на самиот старт...
Претпоставувам дека кондензаторот на плочката е C101 а на преходната шема е C115 и е врзано на 4 извод од STR W6252 а тоа е Vcc па според тоа може и поголема вредност!
Toma добро пиша.
Тој кондензатор е секогаш под напон, така да, секогаш е полн (кога е приклучен телевизорот/мониторот во штекер се разбира), поради што, воопшто нема да пречи ако се стави кондензатор со поголема капацитивност или поголем работен напон. Како што пишав, баш ќе се продолжи животниот век на напојувачката секција (практично, на самиот уред бидејќи 90% од проблемите кај LCD мониторите/телевизорите се во напојувачката секција или се последица на проблеми во напојувачката секција).
Во конкретниот случај, ако се разгледа напојувачката секција на LG 19LG3050 (плочката), очигледно е дека овој кондензатор е ставен преблиску до ладилното тело на STR-W6252, така да, јас кога би го правел овој телевизор, би го дислоцирал овој кондензатор, подалеку од STR-W6252. Претпоставка ми е дека една од главните причини поради која овој кондензатор се исушил е токму таа... добро, главна е тоа што е Кинеско ѓубре
.