Author Topic: CH341A Programmer  (Read 12417 times)

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 844
Re: CH341A Programmer
« Reply #60 on 07.10.2020, Wednesday, 19:35:52 »
Пробувам да флешувам onboard eeprom w25q64fwsig
Кога флешуваш onboard, тогаш еепромот добива напојување VCC од програматорот. Но напонот не оди само на еепромот туку на цела плоча. Програматорот нема доволна моќност да ја напојува плочата, напонот паѓа и има грешки при читање и запишување.
Друга можност е да проработува некој процесор што е поврзан со еепромот, па се случува во исто време да има читање на податоци од две страни. Од една страна е програматорот, а од друга страна е процесорот (CPU/MCU/whatever). Така настанува data collision и пак грешки при читање/запишување.
Јас никогаш не читам и не програмирам еепроми onboard.
Жан

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 608
  • Gender: Male
Re: CH341A Programmer
« Reply #61 on 07.10.2020, Wednesday, 20:36:31 (Edited 07.10.2020, Wednesday, 21:16:40) »
@GigaWatt
Убаво те разбрав, но морам да признаам дека до сега не сум одлемувал и залемувал ваков тип на чип SOP-8, многу ме мачи тоа што многу блиску до него има многу ситни smd елементи па имам чуство дека ќе стопам/разлемам некои од нив. :)

Е сега кажав дека сум звршил работа, но всушност со оригиналниот фирмвер не постигнав резултати (не верувам дека е од лошо флешување бидејќи навистина кога ја направив споредбата добив чисти резултати), имено recovery процесот стартува и тече едно 8-9 минути и потоа добивам порака "An unexpected error has occurred", и пак не ми се верува дека е начаран чипот пошто ги пројде сите процеси без проблем при флешување и споредба а можеби и грешам. :)
Заради последната ситуација добив custom firmware UEFI за овој модел на Chromebook па ќе треба пак да ги преживувам (се надевам дека нема) сите стресни моменти при флешување. Овој фирмвер треба да овозможи да инсталирам друг OS за разлика од претходниот кој што беше исклучиво за recovery на ChromeOS (гугл не дозволува на chromebook да се инсталира друг OS, мада има hack и за тоа де). :)
Доколку заглавам со флешување највероватно ќе треба да одам со солуцијата out of board. :) И што е најинтересно, eeprom-от се наоѓа од долната страна на плочата така да мора цела надвор да се демонтира за да може да се флешува, среќа не е сложен процесот за демонтирање и монтирање на истата.

Големината на плочата е отприлика како некоја средно голема графичка карта. :D

Инаку нема никаква батерија матичната плоча.
Еве како изгледа долната страна:



Еве го чипот под лупа. :)



edit:
@Zan
Сепак сум електроничар аматер, но претпоставувам дека си ептен во право и има логика во сето тоа. Thanks :)

edit 2:
@GigaWatt,
кога станува збор за лемење и разлемување, дали е пожело да се нанесе малку повеќе флукс од вообичаено? Барем така имам гледано во туторијали на youtube, мада сега ќе изгледам уште некое видео. :)


Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12544
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: CH341A Programmer
« Reply #62 on 08.10.2020, Thursday, 10:19:44 »
Јас никогаш не читам и не програмирам еепроми onboard.

И јас веќе се откажав. Шансите правилно да ги исчиташ податоците се 50/50 (барем од моето искуство), а не би ризикувал лош dump ако планирам да преправам нешто (да ставам друг dump) па после да не работи како што треба новиот ;).

Убаво те разбрав, но морам да признаам дека до сега не сум одлемувал и залемувал ваков тип на чип SOP-8, многу ме мачи тоа што многу блиску до него има многу ситни smd елементи па имам чуство дека ќе стопам/разлемам некои од нив. :)

Со убав долг тенок врв, нема да се случи тоа, ќе видиш ;).

... и пак не ми се верува дека е начаран чипот пошто ги пројде сите процеси без проблем при флешување и споредба а можеби и грешам. :)

Ти пишав (а и Zan исто), за ова можеш 100% да бидеш сигурен само ако го одлемиш и така го исчиташ и запишеш ;).

@GigaWatt,
кога станува збор за лемење и разлемување, дали е пожело да се нанесе малку повеќе флукс од вообичаено? Барем така имам гледано во туторијали на youtube, мада сега ќе изгледам уште некое видео. :)

Па, јас обично не додавам... додавам само калај и гледам флуксот во него да си ја заврши работата ;). Сепак, ова зависи од искуство. Секој на крајот си наоѓа некоја своја „техника“ која смета дека најмногу му чини ;). Во секој случај, ако решиш да додадеш повеќе флукс, не додавај премногу, да не случајно потоа се разлее калајот на околните компоненти и да не несакајќи поткачиш некоја друга SMD компонента ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 608
  • Gender: Male
Re: CH341A Programmer
« Reply #63 on 13.10.2020, Tuesday, 17:35:40 »
Кога сме веќе кај програмирањето, дали има можност некој eeprom да е protected од страна на тој што го програмирал?
Во софтверот кој што е open source видов такви опции.

Вчера пак пробав проблематичниот eeprom да го програмирам, и што се случува, бришење е во ред, проверката за blank е во ред, процесот на програмирање минува до крај без да застане, но при верификација дава различности.
Пробав со сите можни софтвери, дури пробав и со вклучена и исклучена опција да рипа празни сектори (ја има оваа опција во софтверот од првата тема).

Прашувам пред да пристапам кон разлемување на чипот, разгледав повеќе клипови, навидум е едноставно - но мене паника ме фаќа. :) Изгледа треба да почнам да учам како се галат ножички со врвот од лемилицата. ;)


Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12544
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: CH341A Programmer
« Reply #64 on 13.10.2020, Tuesday, 18:10:57 »
Кога сме веќе кај програмирањето, дали има можност некој eeprom да е protected од страна на тој што го програмирал?
Во софтверот кој што е open source видов такви опции.

Да, може да заштитиш EEPROM од читање и/или запишување на него.

Вчера пак пробав проблематичниот eeprom да го програмирам, и што се случува, бришење е во ред, проверката за blank е во ред, процесот на програмирање минува до крај без да застане, но при верификација дава различности.
Пробав со сите можни софтвери, дури пробав и со вклучена и исклучена опција да рипа празни сектори (ја има оваа опција во софтверот од првата тема).

Ако не е заштитен (ова обично ќе го јави програматорот), можно е да е оштетен.

Прашувам пред да пристапам кон разлемување на чипот, разгледав повеќе клипови, навидум е едноставно - но мене паника ме фаќа. :) Изгледа треба да почнам да учам како се галат ножички со врвот од лемилицата. ;)

Нема да научиш додека не пробаш :). Пробај на нешто што е евтино или фурда, јас така се имам учено ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 844
Re: CH341A Programmer
« Reply #65 on 13.10.2020, Tuesday, 19:00:55 »
Пробав со сите можни софтвери

Не се важни софтверите, важно е да го одлемиш чипот.
Жан

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 608
  • Gender: Male
Re: CH341A Programmer
« Reply #66 on 13.10.2020, Tuesday, 19:03:33 »
Очекував ваков одговор, и потполно те разбрав погоре.
Со почит.

Прашањето ми беше горе-долу хипотетичко но малку и врзано со мојот случај. :)


едит:

Инаку што ме плаши, овој ми е некако многу блиску до првата ногичка, се ми се чини дека ќе го соберам при разлемување.



Изгледа дека најдобро ќе биде во овој правец да одам со лемилицата, од 1 кон 4 и од 8 кон 5 ногичка.



Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 844
Re: CH341A Programmer
« Reply #67 on 13.10.2020, Tuesday, 19:17:47 »
Изгледа дека најдобро ќе биде во овој правец да одам со лемилицата, од 1 кон 4 и од 8 кон 5 ногичка.
Стави повеќе калај, да се спојат сите ногички. После тоа само префрлај го леткумот од едната па од другата страна.
Или да ја извадиш прво таа компонента (не знам што е), ако имаш добра, шпицаста пинцета.
Жан

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 608
  • Gender: Male
Re: CH341A Programmer
« Reply #68 on 13.10.2020, Tuesday, 19:35:00 »
Абе имам, не дека немам туку таа компонента е толку ситна што со голо око едвај се гледа. :)

За вадење ќе ја извадам, ама како после назад?  :D  Немам лупа работна. :(



Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 844
Re: CH341A Programmer
« Reply #69 on 13.10.2020, Tuesday, 19:41:42 »
Немам лупа работна. :(
Гледајќи ги сликите, мислев дека имаш добра лупа. :D
Ќе треба да работиш многу внимателно и да ги избегнуваш ситните компоненти.
Жан

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 608
  • Gender: Male
Re: CH341A Programmer
« Reply #70 on 13.10.2020, Tuesday, 19:59:41 (Edited 14.10.2020, Wednesday, 04:15:55) »
Мала рачна јувелирска лупа со led имам. :) Преку неа го сликав eeprom-от. :)
Инаку како што велиш работење внимателно до трт. :)



edit:
Заборавив да прашам,
на колку степени отприлика би требало да ми биде станицата за резлемување? :)


Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12544
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: CH341A Programmer
« Reply #71 on 14.10.2020, Wednesday, 13:37:37 »
Заборавив да прашам,
на колку степени отприлика би требало да ми биде станицата за резлемување? :)

Најчесто овие цели плочи се со ground plane, за полесно носење на топлината („нова“ финта на производителиве за да ги направат уредите помали и не трошат пари за ладилни тела ::)), така да, не треба баш на ниска температура да се одлемува и залемува... јас обично ја ставам лемната станица на 300, 300 и нешто степени. Ако гледам дека и по 10-тина секунди држење на истото место со леткумот не се разлева убаво калајот, појачувам температура.

Ако видиш точки како на сликата подолу, значи дека на тоа место (места) плочата е исперфорирана низ сите слоеви и на тоа место има неколку слоеви бакар, освен тој најгорниот. Практично, тоа значи дека кога грееш со леткумот, треба да ги загрееш асално сите слоеви за да почне лесно да се одлемува компонентата. Затоа и тешко се одлемуваат. Ова е најчесто случај со power компоненти, како што се напојувачките MOSFET-и на матичните плочи од desktop и лаптоп компјутерите. Греат и мора околу нив да има значително количество на „ладилна површина“ (практично, повеќеслоен бакар).

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 608
  • Gender: Male
Re: CH341A Programmer
« Reply #72 on 17.10.2020, Saturday, 02:11:54 (Edited 17.10.2020, Saturday, 04:17:50) »
Што маки видов :) Ама на крај се исплатеше трудот. :)
Каков калај користат китајците, абе камен.

Слика после чистењето:


Веќе залемен чип. Како за првпат со SMD сум премногу задоволен од тоа што го сработив. ;)


Работев мнооогу внимателно, прво нанесов калај на четирите ножички од едната страна, ги галев додека се исполнија сите, па од другата страна пак исто. И наизменично ја загревав едната па другата страна, искрено ми требаше малку подолго време додека загрее и почна да се мрда чипот. Внимателно го одстранив и ги зачистив малку лежишата со врвот од леткумот и малку со плетенка. :)
Убаво со алкохол исчистив и припремив за лемење.

Програмирањето на чипот (W25Q64FW - 8Mb) со CH341A беше успешно од прва (erase, blank, write, verify) го исчитав со сите програми и го споредив со софтверот beyond compare (нула грешки т.е. идентични), значи бевте во право и ви верував, фала на сите. :) Џабе се изнамачив со денови onboard да го програмирам, но веќе имам искуство за друг пат. :)

Лемењето беше мачји кашаљ, нанесов многу малку флукс на местата каде што требаше да легнат нозете а со тоа си се малку и фиксираше чипот за да не мрда, за сето ова ми помогна и тоа што изгледав повеќе клипови на YT. Чинам дека убаво го залемив. :)
И на крај си проработе плочата од прва. :) Chromebook-от сега има custom firmware и му инсталирав GalliumOS кој работи перфектно на оваа минијатура од motherboard. :)


Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3062
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: CH341A Programmer
« Reply #73 on 17.10.2020, Saturday, 10:25:26 »
Чипот ти е супер залемен, без никакви замерки, посебно ко за прв пат. Иначе, кај СМД да си знаеш флуксот ти е најдобар пријател ;).
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 844
Re: CH341A Programmer
« Reply #74 on 17.10.2020, Saturday, 19:42:21 »
Одлично заврешена работа, браво. :)
Жан