Author Topic: CH341A Programmer  (Read 14708 times)

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 615
  • Gender: Male
Re: CH341A Programmer
« Reply #30 on 27.09.2019, Friday, 12:14:09 »
Во последниот пост атачот дали е од рускиот софтвер?


Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12572
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: CH341A Programmer
« Reply #31 on 27.09.2019, Friday, 12:55:04 »
Да, некој Русин го има пишувано софтверот ;D. Имам пишано, се менува јазикот, има во менито и Англиски ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 615
  • Gender: Male
Re: CH341A Programmer
« Reply #32 on 27.09.2019, Friday, 17:40:33 »
Одлично, ќе го пробам во прва прилика. :)


Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12572
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: CH341A Programmer
« Reply #33 on 27.09.2019, Friday, 23:36:46 (Edited 28.09.2019, Saturday, 20:18:10) »
Начекав уште еден ;D. Овој е open source ;).

Code: [Select]
https://github.com/nofeletru/UsbAsp-flash
Code: [Select]
https://github.com/nofeletru/UsbAsp-flash/releases


Русиве растур прават ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 615
  • Gender: Male
Re: CH341A Programmer
« Reply #34 on 28.09.2019, Saturday, 13:16:40 »
Нема шала со русиве. :)


Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 848
Re: CH341A Programmer
« Reply #35 on 11.09.2020, Friday, 00:31:52 (Edited 12.09.2020, Saturday, 23:55:51) »
Дали го користите програматоров и како сте задоволни од неговата работа? Кои чипови најчесто ги користите.
Јас го порачав онака, да се најде. Направив и адаптер за 93Cxx EEPROM-и. Оригиналниот софтвер не ги поддржува, но може да се користи со руската програма AsProgrammer.





















Жан

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12572
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: CH341A Programmer
« Reply #36 on 11.09.2020, Friday, 01:07:16 »
Искрено, јас сум презадоволен од него. Го имам и TL866II Plus, ама дали два пати го извадив од кутија и искористив.

Мене најмногу ми треба програматор за 25 и 24 серии (пред се 25 во денешно време, за 24... не ми текнува кога последен пат го имам користено), а овој сосема солидно си ја врши работата. Евтин е, сега веќе има и алтернативни софтвери, така да... јас лично, моментално и немам потреба за друг :P :D.

А не знаев дека можело и 93 серии да се програмираат со него ;). Добро е да се знае.

А изработката на плочката ти е... нема лабаво, како LordZi што ги прави, профи ;). Моите се „леле мајко, плочка ли е, што ли е“ ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3073
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: CH341A Programmer
« Reply #37 on 11.09.2020, Friday, 01:27:19 »
Овие се по-профи, со фото постапка на витропласт, мене баш и не ми се арчат бургии на витропласт :D.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 848
Re: CH341A Programmer
« Reply #38 on 11.09.2020, Friday, 19:40:42 (Edited 11.09.2020, Friday, 20:55:28) »
Плочката е направена со тонер-трансфер методот, а бушена е со solid carbide бургија, многу поцврста и по отпорна на абење од обичните бургии, но и многу кршлива.


Читам на интернет дека многу луѓе прават модификации на програматоров. Колото CH341A се напојува со напон од 5V, значи и на излезните пинови го има истиот напон, со што може да се оштетат чиповите што работат на 3.3V. Според шемата, напонот за напојување на чипот што се програмира е 3.3V, но на пиновите за програмирање има 5V.
Ова исто така не е добро за чипови што работат на 5V, како на пример 24Cxx или 93Cxx eeprom-и.
Би било добро да се стави џампер за префрлање на 3.3V или 5V. Сеуште размислувам каде би било најдобро да се стави џамперот и како да се поврзе. Ако имате предлози, повелете, изјаснете се. :D

Во прилог има шема и изглед на плочката за адаптеров, ако некој сака да го направи.
Жан

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12572
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: CH341A Programmer
« Reply #39 on 11.09.2020, Friday, 21:07:16 »
Читам на интернет дека многу луѓе прават модификации на програматоров. Колото CH341A се напојува со напон од 5V, значи и на излезните пинови го има истиот напон, со што може да се оштетат чиповите што работат на 3.3V. Според шемата, напонот за напојување на чипот што се програмира е 3.3V, но на пиновите за програмирање има 5V.
Ова исто така не е добро за чипови што работат на 5V, како на пример 24Cxx или 93Cxx eeprom-и.
Би било добро да се стави џампер за префрлање на 3.3V или 5V. Сеуште размислувам каде би било најдобро да се стави џамперот и како да се поврзе. Ако имате предлози, повелете, изјаснете се. :D

Не знам, до сега мене не ми зезнал ниеден чип. Претпоставувам бидејќи голем дел од чиповите имаат внатрешни заштити од overvoltage и напонски делители во нив.

Може да се изведе со напонски делител на пиновите за програмирање, ама за тоа треба доста преправки да се прават... практично, ќе треба нова плочка да се изработи со преклопник или џампер за избирање на напонот за програмирање.

Мене тоа ми текнува од хардверски аспект. Треба да се разгледаат спецификациите на CH431A и да се види дали може со команда преку драјверот, на излезите да дава и 3.3V. Тоа би било многу полесно. Во тој случај, само софтверот за програмирање ќе треба да се модифицира. Прашањето е, дали хардверски чипот нуди таква опција и дали драјверите имаат таква опција (бидејќи не се open source и не можеме да видиме баш како функционираат). Можно е за Linux да има некој open source driver model за овој чип, врз база на хардверските спецификации, ама пак, тоа значи дека некој треба да го разгледа кодот и да го преправи за под Windows или било кој друг оперативен систем.

Се ова е „ако“... практично, најсигурна, од овој аспект (но и најкомплицирана... барем за мене, за кого како), би била хардверската преправка.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3873
  • Gender: Male
Re: CH341A Programmer
« Reply #40 on 12.09.2020, Saturday, 12:48:46 »
Zan од кај е бургијата ?

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3073
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: CH341A Programmer
« Reply #41 on 12.09.2020, Saturday, 12:59:05 »
Ги има по ибеј и али, не се нешто скапи, ама мора да имаш добар сталак и бормашинка, малце да фрла футерот и како стакло пука.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3873
  • Gender: Male
Re: CH341A Programmer
« Reply #42 on 12.09.2020, Saturday, 13:51:20 »
Под кој назив да ги барам ? solid carbide  ?

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3073
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: CH341A Programmer
« Reply #43 on 12.09.2020, Saturday, 14:20:24 »
Пробај carbide drill bit.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 848
Re: CH341A Programmer
« Reply #44 on 12.09.2020, Saturday, 16:59:23 (Edited 12.09.2020, Saturday, 23:33:23) »
Колото CH341A нема можност за софтверска контрола на напонот.
За 3.3V треба да се одлеми пинот 28 од плочка и да се поврзе на излез од регулаторот.
Со тоа пиновите за програмирање ќе го имаат потребното напонско ниво.



За 5 волтни еепроми треба да се донесе напон од 5V на VCC пиновите на ZIF подножјето и да се врати пинот 28 назад на плочка.



bicikle за бургии види на следниот линк, само пак ќе кажам, многу лесно се кршат.

Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/4000838142698.html




Жан