Author Topic: CH341A Programmer  (Read 12418 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3870
  • Gender: Male
Re: CH341A Programmer
« Reply #45 on 12.09.2020, Saturday, 19:33:30 »
Некој шосебен футер користите или..?

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3062
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: CH341A Programmer
« Reply #46 on 12.09.2020, Saturday, 19:59:20 »
Мора да имаш постоље за бормашинката и се тоа да нема луфта, со слободна рака нема шанси да бушиш со карбид, одма ќе пукне. Иначе со карбидна бургија можеш илјадници дупчиња да направиш во витропласт и уште да остане остра како на почеток, за разлика од обична хсс која ќе се истапи после 10-15 дупчиња.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3870
  • Gender: Male
Re: CH341A Programmer
« Reply #47 on 12.09.2020, Saturday, 20:04:51 »
Предлог за купечко или диу постоље ?

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3062
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: CH341A Programmer
« Reply #48 on 12.09.2020, Saturday, 20:14:47 »
Не знам што да ти кажам, јас не користам постоље за да ти препорачам нешто конкретно, али што и да одбереш глеј да е посаглам некое :).
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 844
Re: CH341A Programmer
« Reply #49 on 12.09.2020, Saturday, 21:53:50 »
Јас немам постоље, рачно бушам плочки.

Жан

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3062
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: CH341A Programmer
« Reply #50 on 12.09.2020, Saturday, 22:16:25 »
Алал да ти е, изгледа имаш мирна рака, ја пробав рачно со карбидни бургии и попара ги напраив... :D
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 681
  • Gender: Male
Re: CH341A Programmer
« Reply #51 on 12.09.2020, Saturday, 22:42:31 »
Со карбидни бургии на рака имам искршено повеќе бургии отколку што имам избушено дупки.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3870
  • Gender: Male
Re: CH341A Programmer
« Reply #52 on 12.09.2020, Saturday, 23:10:58 »
Ќе земам 10 од кај али и онака не се скапи, па ќе пробам.

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 844
Re: CH341A Programmer
« Reply #53 on 13.09.2020, Sunday, 10:00:24 »
Еве како изгледа бушење плочки на CNC машина.
Брзо оди, но се губи многу време додека се намести плочката во винкла и додека се најде почетна точка.

Забегавме од темата...
Жан

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3870
  • Gender: Male
Re: CH341A Programmer
« Reply #54 on 13.09.2020, Sunday, 11:12:48 »
И дур ја нацрташ.
Да, некои муабети може да се преместат во гравики..

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12544
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: CH341A Programmer
« Reply #55 on 13.09.2020, Sunday, 15:59:26 »
Колото CH341A нема можност за софтверска контрола на напонот.
За 3.3V треба да се одлеми пинот 28 од плочка и да се поврзе на излез од регулаторот.
Со тоа пиновите за програмирање ќе го имаат потребното напонско ниво.

Хммм... во тој случај, можно е и модификацијата да не е прекомплицирана, ако колото може да работи на 3.3V. Во тој случај, може со екстерен џампер или прекинувач да се преправи се ова. Мислам на случајот кога програматорот би се ставил во кутија и би се додало се ова во воздух да биде.

Да, некои муабети може да се преместат во гравики..

Сега баш видов, има многу за сечење... некои post-ови се мешани, со одговори за едната и за другата тема на разговор, ќе се изгуби контекст.

Ако сакате да продолжите, само ставете линк од post-от од кој што почнало се ова и продолжете во оваа тема.

Code: [Select]
http://elektronika.mk/index.php?topic=14287.0
Во SMF 2.0.x може и директно да ставите линк од post-от, без да го има во линкот и ID-то на темата. На пример, линкот од овој post e следниот.

Code: [Select]
http://elektronika.mk/index.php?topic=13988.msg132476#msg132476
Ако го преправите линкот на следниот начин, ќе ве однесе до тој post, без разлика во која тема се наоѓа.

Code: [Select]
http://elektronika.mk/index.php?msg=132476
Сакам да кажам, доколку post се премести од една тема во друга, првиот линк веќе не важи, (оној во кој има ?topic=13988.msg132476#msg132476), ќе ве однесе на index-от на форумот (почетната страна), но линк форматиран на овој вториот начин, ќе ве однесе до post-от без разлика во која тема се наоѓа ;).

Во SMF 2.1, линковите до post-овите ги копира на овој начин, со ?msg=XXXXXX, не како сега, но 2.1 сеуште е во beta, така да, ќе почекаме за тоа. Сега за сега, можете вака да си ги преправате линковите до post-овите и да сте сигурни дека без разлика во која тема се наоѓа post-от, линкот секогаш ќе ве однесе до post-от ;)... освен ако post-от не е избришан, се разбира.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 608
  • Gender: Male
Re: CH341A Programmer
« Reply #56 on 06.10.2020, Tuesday, 03:46:22 »
Начекав уште еден ;D. Овој е open source ;).

Code: [Select]
https://github.com/nofeletru/UsbAsp-flash
Code: [Select]
https://github.com/nofeletru/UsbAsp-flash/releases
Русиве растур прават ;D.

Овој со истите драјвери ќе работи?
Дали го имаш тестирано? :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12544
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: CH341A Programmer
« Reply #57 on 06.10.2020, Tuesday, 10:48:12 »
Овој со истите драјвери ќе работи?

Да, ќе работи ;).

Дали го имаш тестирано? :)

Го имам пробано, ама еднаш само. Добро работи ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 608
  • Gender: Male
Re: CH341A Programmer
« Reply #58 on 06.10.2020, Tuesday, 21:47:22 (Edited 06.10.2020, Tuesday, 22:43:51) »
Пробувам да флешувам onboard eeprom w25q64fwsig (матична од chromebook) но некако безуспешно.  (со штипка - штипката убаво си легнува на сите 8 ногички)
Кога правам erase и кога проверувам дали навистина е празен ми дава дека сеуште има некои минимални записи на него, пробано со сите погоре софтвери, вклучувајќи го и овој последниот open source.
Дали чипот е начаран :) или ќе треба да се вади и да се програмира out of board, немам идеја. :)
Инаку после erase може да се прави write, но кога ќе го исчитам запишаното и го споредам со оригиналниот *.bin ми дава куп неподударања.

edit:
Уххххх, да рапортирам,

после триста обиди конечно се смилува претпоследната верзија (1.29 CH341A Programmer), пуштив erase, направив проверка и ми даде инфо дека е blank, потоа прејдов на write - помина во најдобар ред и не правев верификација туку веднаш ја исчитав содржината од веќе флешуваниот фирмвер, зачував и направив споредба со оригиналниот фирмвер, ми даде 0 грешки. :) Значи успешно, каде е цаката појма немам, најразлични сценарија пробав, вчера 4 саати се сезав, денес за 15 минути завршив работа (8MB е фирмверот и споро оде на write).
OK,
едно искуство повеќе. :)

edit 2:
Еве размислувам, ако не е легната штипката како што треба, нема да го чита, нема да му прави erase, нема да запишува,  или грешам!?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12544
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: CH341A Programmer
« Reply #59 on 07.10.2020, Wednesday, 14:32:18 »
Кога правам erase и кога проверувам дали навистина е празен ми дава дека сеуште има некои минимални записи на него, пробано со сите погоре софтвери, вклучувајќи го и овој последниот open source.

Тогаш, ќе мораш да го одлемиш. Не е комплицирано, и јас мислев дека нема да можам со обичен леткум, ама на крајот се научив (кога си на мака, се ќе научиш :P :D). Како и да е, одлемувањето и залемувањето се сведува на убаво калаисување на сите ногички од едната па од другата страна и така одиш, една страна, друга страна, наизменично. Буквално ги залемуваш заедно сите ногички од едната и потоа од другата страна, со така... убава количина на калај и така наизменично, една страна, друга страна. Паралелно работиш и со пинцета, потегнуваш по малку на чипчето и во еден момент, стопени ќе бидат и едната и другата страна од пиновите и со пинцетата ќе го извадиш ;). Потоа ја чистиш од калај плочката и чипчето со леткум, за да ја припремиш плочата и чипчето за повторно залемување ;). Се разбира, ако има батерии за CMOS (BIOS, NVRAM) на плочата, ги вадиш пред да почнеш со оваа операција ;).

Дали чипот е начаран :) или ќе треба да се вади и да се програмира out of board, немам идеја. :)

Пробај извади го и испрограмирај го, избриши го, тестирај го малку, па после ќе видиме дали треба или не ;).

Еве размислувам, ако не е легната штипката како што треба, нема да го чита, нема да му прави erase, нема да запишува,  или грешам!?

Најчесто не го исчитува воопшто, но ми се има случено при лоша врска на штипката да ми јавува и некои глупави грешки ;).

Битно си завршил работа ;).