Author Topic: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)  (Read 6777 times)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3800
  • Gender: Male
Дур ти пишува казна за банална работа како неносење на каиш, лопата или кношка за поени, 5 души ќе поминат на црвено ќе испотепаат ни лриви ни должни, него нејсе. Не знам колку ти е во сеќавање гига, ама и шред 2008 имаше некоја стимулација на пишување казни, нешто како процент...
Он топик:
Кај дизелките има жица оставено плус на алтернаторот за обртометар, а кај бензинците се зема согналот од бобина. Е сега новите аута се со засевни бобини, засевен сигнал и засевем фидбек на секој цилиндер, па ако врзиш паралелно уште нешто може да јави грешка. Во тој случај уредот ќе го врзиш на еку-то, што е далеку по сложена опција...

Offline taurus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 15
Дизел е кај мене и колку што најдов на интернет алтернаторот има контакт кој што дава пулсеви ама не е врзан со ECUто и не е баш пристапен без демонтажа на некои делови... Од тие причини првично одам со напон, па кога ќе имам повеќе време ќе го врзам со алтернатор.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12416
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Дур ти пишува казна за банална работа како неносење на каиш, лопата или кношка за поени, 5 души ќе поминат на црвено ќе испотепаат ни лриви ни должни, него нејсе. Не знам колку ти е во сеќавање гига, ама и шред 2008 имаше некоја стимулација на пишување казни, нешто како процент...

@Z31GH: Не е поентата да те опомене. Тоа порано го правеа почесто и помалку сообраќајки имаше (ако ви текнува). Арно ама, од МВР, ако ви текнува, се бунеа, малку казнувале ::), па нели (ова се беше неофицијално) им воведоа квота за казни. Ако не ја исполни квотата, ги репнуваа по плата.

Ова и не беше баш така одамна... 2007, 2008, така нешто. Од тогаш па наваму работите отидоа во надолна линија ::). Се зголеми бројот на сообраќајки, казни и што уште не... демек бројот на казни не бил според европски стандард, сме требале да казнуваме повеќе ::). Па и платата не ни е европска, па што не ни го дигнаа стандардот ::).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Така е и затоа многу помали сигнали има лесно е за бензинците само од бонбина пилести импулси и готово неколку отпорници само во старите аналогни обртометри.Али кај дизел често ако ти се зезне давачот кај алтернаторот па и затоа се поскапи обртометрите за дизел моторите специјална електроника бараат малце посложени се кој отворил од дизел и бензинец приметил разликата е евидентна  ;D 8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3800
  • Gender: Male
Не се зезина туку-така давачот, односно ако се зезне ќе почне алтернаторот и да не полни, секако ќе мораш да го сервисираш... На реглерот е поврзан мислам.
Гига, и самиот пораст на населението статистички делува на сообраќајки итн. Како и да е, верувај не сакаш да ја раздлабочиме темава со сообраќајот  :)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
« Reply #35 on 12.06.2017, Monday, 22:57:38 (Edited 12.06.2017, Monday, 23:17:47) »
Не се зезина туку-така давачот, односно ако се зезне ќе почне алтернаторот и да не полни, секако ќе мораш да го сервисираш... На реглерот е поврзан мислам.
Гига, и самиот пораст на населението статистички делува на сообраќајки итн. Како и да е, верувај не сакаш да ја раздлабочиме темава со сообраќајот  :)
На реглерот токму така факт закон точен ;D ;D ;D. Ех дедоми положил 1952 18506 број на возачка дозвола таткоми 1980 77440 значи за неполни 30 години колкава разлика јас положив 2015 во август уште два месеца две години 383697 број на возачка дозвола другар помал некој месец од мене 405000 сега многу повеќе ги има значи веќе ми рекоа и 500000 стигнале добро некој од тие 500000 возачи се и починати како дедоми пред некоја година некој од порано но многу возачи не има тоест луѓе со возачки дозволи колку се од нив возачи којзнае.Другарка положи а кола немаат сестрами исто не ми се вози стресно е.Друг вели трошок е но тоа е друга тема сега но сега е тренд.Те исмеваат онака ако си четврта година и не полагаш за кола како изрод ги гледаа таквите во мој клас сите полагаа освен двајца а едниот сега дури полага а другиов од кога се вработи.По автобуси само за тоа зборат а и ние сме збореле како полагале(сме полагале) како паднале(сме паднале) е тоа е кога си четврта година муабетот.А тато вели јас сам си заработив за дозвола е така е најубаво но ова за друга тема 8) 8) 8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9429
Отидовте многу во офф топик и престанете со сите возачки и дедовци, ами држите  се до темата!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9429
Sir Yes Sir

Мислам дека треба една недела да паузираш од Форумов. Ако и понатаму продолжиш со глупости трајно ке бидеш баниран, па ти размисли си.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3800
  • Gender: Male
Тоа ми беше зборот батка, да не се дебатира за сообраќај пошто е скроз друга
 " политика ", али ако се крши законот со ваков тип на светла да се нагласи. Сепак од едукативен аспект проектов е во ред.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9429
Не се зезина туку-така давачот, односно ако се зезне ќе почне алтернаторот и да не полни, секако ќе мораш да го сервисираш... На реглерот е поврзан мислам.
Гига, и самиот пораст на населението статистички делува на сообраќајки итн. Како и да е, верувај не сакаш да ја раздлабочиме темава со сообраќајот  :)
На реглерот токму така факт закон точен ;D ;D ;D. Ех дедоми положил 1952 18506 број на возачка дозвола таткоми 1980 77440 значи за неполни 30 години колкава разлика јас положив 2015 во август уште два месеца две години 383697 број на возачка дозвола другар помал некој месец од мене 405000 сега многу повеќе ги има значи веќе ми рекоа и 500000 стигнале добро некој од тие 500000 возачи се и починати како дедоми пред некоја година некој од порано но многу возачи не има тоест луѓе со возачки дозволи колку се од нив возачи којзнае.Другарка положи а кола немаат сестрами исто не ми се вози стресно е.Друг вели трошок е но тоа е друга тема сега но сега е тренд.Те исмеваат онака ако си четврта година и не полагаш за кола како изрод ги гледаа таквите во мој клас сите полагаа освен двајца а едниот сега дури полага а другиов од кога се вработи.По автобуси само за тоа зборат а и ние сме збореле како полагале(сме полагале) како паднале(сме паднале) е тоа е кога си четврта година муабетот.А тато вели јас сам си заработив за дозвола е така е најубаво но ова за друга тема 8) 8) 8)


Овој пост горе не ни мислам да го читам, бидејќи започнува со 1952 кога некој дедо положил возачки..... Ако под тоа се рачуна*сообраќај*.. 8) Нема ни Е од едукација.... само *спам*.

Offline taurus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 15
Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
« Reply #40 on 13.06.2017, Tuesday, 14:28:40 (Edited 13.06.2017, Tuesday, 14:38:55) »
Истражував малку за легалноста на додавање светла на возило и го најдов следново:

Извадоци од ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА
Сл. Весник на Р. Македонија, бр.169од 30.09.2015година
Quote
Член 92
(1)  Возилата  не  смеат  на  предната  страна  да  имаат  светлосни,  светлосно - сигнални или
рефлектирачки уреди или материи што даваат светло со црвена боја, а на задната страна - уреди или материи што даваат светло со бела боја.

***

(4)  Мандатен  платен  налог  со  глоба  во износ  од  25  евра  во  денарска противвредност  во мандатна  постапка  ќе  му  се  издаде,  односно  ќе  му  се регистрираат 15 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот (1) на овој член.

Според членов не е забрането додавање на светла кои имаат соодветна боја.
Ми текнува дека камиониве ги украсуваат со светла во разни бои (освен црвена) од напред и шетаат низ цела европа без проблем....

Еве и за дневни светла:
Quote
Член 86
(1) Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот.
Дефиниција за соборени светла во законов не најдов ама логично би било додадените светла да не може да се сметаат за соборени, што значи користењето на додадените како соборени е незаконски и е на сопствен ризик.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12416
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Види на pravo.org.mk да не има дополнувања и измени на законот. Доколку има, можно е во некоја од нив да е додефинирано што се соборени светла.

А не е лошо и да си имаш копии црно на бело од деловите од овој закон и неговите дополнувања во кола. Може да те репнат бидејќи ни самите не ги знаат законите ::)... или бидејќи така им текнало и играат на карта на неинформираност на граѓаните.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Ех Гига мислиш ќе се спасиш копии ако си носиш 8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline munja

  • Нов член
  • *
  • Posts: 38
Најчесто нашата полиција додадените дневни светла на браник ги рачуна како магленики и пишва казни за пуштени магленки несоодветно.Па сега ти оди докакажи им дека тоа се дневни светла .

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Така точно е ајде де оди објасни после магла нема а ти струја трошиш шефе а ова не троши струја не бе денски се  некоја логика нивна.Оф леле тоа е имам некои обврски со електроникава незнам а треба и да пазам што пишувам.Еве гледам нов пасус да се корегирам.Оти веќе сум за отстрел
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш