Author Topic: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)  (Read 6776 times)

Offline taurus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 15
Здраво на сите,

од скоро се зафатив да ставам дневни светла на мојот автомобил (рено лагуна), па ако некој има искуство со тоа или има намера да прави такво нешто убаво би било да размениме искуство.
Лед сијалиците ги намонтирав во жмигавците и сега за сега се напојуваат од позицијата, така да мора мануелно да ги вклучувам/исклучувам и светат заедно со позицијата. Следна фаза планирам да е автоматски да се палат со моторот.

Некој со сличен проект?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12416
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Може да ги направиш да се палат заедно со контакт ;). Така би требало да се олесни работата, да не мораш да додадаваш дополнителни прекинувачи и слични тракатанци ;). Не дека имам додадено дополнителни денски светла, така да, ова не е од искуство... чисто размислување на темата ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline IGOR_MK.

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 56
Кај мене ги пали борд компјутерот веднаш по стартување на моторот. (на контакт се палат пред да стартува моторот). :)
Има повеќе опции на програмирање (подесување).
Можда би можело и кај тебе да се направи исто доколку лагуната има таква опција. ;)

Offline taurus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 15
Мојата лагуна е меѓу последните без фабрички дневни светла >:(  Поради тоа и ги додавам.
Иаку опцијата за палење на контакт си стои во случај да не успеам да се пали со моторот ама гледам да избегнам палење на контакт поради тоа што има доста негативни страни (празнење на акумулатор, послабо верглање, итн.). Контролата планирам со ардуино да ја реализирам, само прво да стигнат од кина, па ќе видиме како ќе иде :)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Е добро да на контакт е наједноставно но ете има мали негативни страни од кога ќе запалиш пуштај. Е добро со ардуино веќе ќе е друго ако се разбираш убаво ќе е. ;D 8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12416
  • Gender: Male
  • Не фалширам
А зошто да се зезаш со Arduino. Провери, можеби board компјутерот има опција за палење на дополнителни дневни светла, само што функцијата (практичната реализација, светлата) не е имплементирана.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline taurus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 15
немам опрема за да правам измени во програмата...

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12416
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не, не мислев на софтверски промени. Мислев да прочепкаш, можеби се активира некој таков излез за да активира некое реле или тиристор, за ги активира денските светла, но можеби не е имплементирано тоа.

Поентата ми е, можеби софтверот е ист, ама хардверски не е додадена во конекторите и каблите оваа опција... и светлата не се монтирани, се разбира.

Не се разбирам многу во софтвер за коли, ама производители на електрични уреди често знаат да прават вакви „мајмунлаци“. На пример, ринглата MODEL01 има сензор за тежина и се активира само ако има нешто ставено на ринглата (сигурносна мерка ;), случајно да не го оставиш пуштен), ама ринглата MODEL02 нема. Софтерот и во двете е ист, плочката е таа (мислам на новиве „интелигентни рингли“, со touch сензори, тантара пантара ::)), само што еднава има монтирано сензор и само ако сензорот преспои некој пин со маса или со Vcc, ринглата работи, ако не, дава некој си код на дисплејот или трепка, таму нешто light show, ова она ::)... е на другава не е монтиран сензорот, преспоен е тој пин на адекватното логичко ниво и толку, само си работи... и ова рингла без сензорот е поевтина од оваа со сензорот ::).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline taurus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 15
Одг: Додавање на дневни светла на автомоби
« Reply #8 on 24.05.2017, Wednesday, 21:13:34 (Edited 24.05.2017, Wednesday, 21:15:26) »
Те разбирам за што зборуваш. Во мојата кола тоа не е случај, во прашање е лагуна 2, а од лагуна 3 е почнато да се земаат во предвид и дневни светла и мислам дека првите серии на лагуна 3 (или можеби за меганите беше) имаа фарови во кои што имаше место за дневно светло, а не беше намонтирано и немаше инсталација, што е токму случајот за кој што зборуваш.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9429
Мислам дека премногу кажавте и напишавте за банална работа- врзи ги на контактот или директно на осигурувачите,само провери  на кој треба ,односно на кој се добива напон по давањето на контактот, направи си нова инсталација и крај! Полесно -здравје. 8)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3800
  • Gender: Male
Yep, осигурач и евентуално реле се доволни а може да се додаде реле од контакт да прави паралелен спој на прекидачот за средни...

Offline taurus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 15
Одг: Додавање на дневни светла на автомобил (DRL)
« Reply #11 on 25.05.2017, Thursday, 11:57:24 (Edited 25.05.2017, Thursday, 12:01:40) »
Да, основната функционалност може да се покрие со струја од контактот. Желбата ми е да се палат и гасат со моторот и да се инверзни со средните светла. Ако профункционира со ардуино лесно ќе може да се додадат и други ситни функционалност ама за тоа потоа :)

Во секој случај фала за предлозите и изнесените мислења.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3800
  • Gender: Male
Дневните се легални? Како ќе знаеш дали работи моторот?

Offline taurus

  • Нов член
  • *
  • Posts: 15
Фабрички дневни се легални, овие што ги ставам изгледаат добро и тешко некој да примети дека не се фабрички.
За детекција на моторот планирам да го мерам напонот во колата.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Мислев дека ја разбрав темава и не ја разбрав сакав во првиот пост да ти пишам само на контакт и терај штемај но некако не сватив викам ко да ми збори атомска физика и затоа од околу одев. Но ете во самиот центар сум погодил затоа и мислев на контакт ќе ти е најлесно тоа ќе го пишев. Но еве почекав и доста се прошири темава но добро ти имаш друга замисла сакаш многу повеќе со ардуиното да добиеш не тие се баш затоа затоа не си сакал преку тоа да одиш.Со среќа бо изработката. Ако направиш биди љубезен целата тема код се постирај за мене тоа е шпанско село но ме интересира да научам нешто ново.Јас терам увек за све по старо сме местеле со еден автоелектричар педесетина и нешто години на контакт уште на старо.Сепак за мене ардуинта и некој дигитални решенија се нешто ново колку пати си велам како е решено еј. ;D Баш интересна замисла имаш браво за иницијативата ако успееш и напрвиш се.Биди љубезен и на форумов сподели нешто
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш