гардероба, патики, мобилни и друга слична роба не куртулува.
Добро, ова е јасно, ама овој проблем не е од сега, од памтивек е. И не е до партиски војници или нешто друго... едноставно, човечка лакомост е во прашање... а и фактот дека, да, скоро никој ништо не им може. Дур да докажеш дека си нарачал нешто и дека не ти стигнало, ехеееее, 100 пати пак ќе го нарачам со парите кои сум си ги вратил назад од производот што не ми стигнал
.
Ви текнува во 80-ти и 90-ти кога од Австралија и Америка наши роднини ни праќаа пари преку пошта? Не беше реткост парите воопшто да не стигнат
. И тогаш се дигна „ука бука“ и пак ништо
.
Врати си ги парите, нарачај пак... јас така го решавам проблемот. Како и да е, јас не сум зијан
. А ако фатам да исправам „криви дрини“, кај ми е крајот
.
Е затоа не нарачувам телефони и некои такви работи. А и да нарачам... што ќе му правам, склопен и исправен е
. Нема што да правиш, не е интересно
.
Јас го замолив секогаш да ми остава ливче...посигурно е...ама многу добар чоек е поштаров..и страшен басист, па еднаш му го поправав појачалото....и од тогаш дома ако нема никој, ми ѕвони на телефон или го носи кај мама на работа ...ама пак поинаку е Охрид, мал град е
Браво, ти си се снашол
.
Ама и јас се снајдов
. Тоа што ми стигаа по 10 пратки секој месец не беше случајно
. Си викам, ваљда нема да му текне 3 или 4 такви да ми ги стави под чергиче. Ај, за една, може и да не забележат комшиите (во зграда живеам), ама за 4... згора на тоа bubble wrap
... мало планинче
. Нема кај да ги набута, немам толкаво чергиче
. А си викам и најверојатно ќе му сп*зди, денес три, за три дена една, по пет дена уште уште четири, ќе си рече, само за овој треба посебна торба да носам која може ќе ми затреба, а може и не
. И гледам... ми профункционира тактиката
. Ставаше колку што може да става под чергиче (до 2 пратки, па ќе остави за една ливче во сандачето), помина, месец, два... потоа гледам и за маски за телефони почна да ми остава ливчиња во сандаче
. Ваљда си вика, овој будала е
, од шлепери до нитни се нарачува, од кај го знам што нарачал месецов, вака, што е сигурно, сигурно е, не ја ни земај пратката, стави ливче и готово
.