Сивиот кондензатор? Ако е тој, слободно можеш да го извадиш и да пробаш без него, дел од EMI филтерот е тој, може да работи и без него. Ако ептен сакаш да ставиш некаков, најди некој меѓу 100 и 470nF, 500V= (еднонасочен напон) или 275V~. Вакви кондензатори има во скоро сите уреди кои работат со SMPS напојување (LCD и CRT монитори и телевизори, напојувања за компјутери, лаптопи, итн.).
Пробај извади го и види дали тој бил причината или пак продолжува да зуи.