третава слика не е некој GX конектор? ..или незнам како се викат...порано на радиостаници, сега јас најчесто го гледам на лемни станици, ако е истиот
Да, и мене ми изгледаше таков, како од Кинескиве копии на Hakko, ама не бев сигурен, си викам, ај уште некој да пише
.
Ама овој е женски. На Кинеските копии на Hakko, има машки на крајот на станицата, а женски на конекторот на леткумот, обратно од ова.
А инаку, ни јас не знам како се викаат конекторите, да бидам искрен, прв пат ги видов на Кинеските лемни станици.
DX-er, ако го најдеш распоредот на пиновите, јас би ти препорачал да ги смениш со некои конектори кои може да се најдат кај нас... јас барем така правам. Еве, на пример, имав дома еден стар засилувач со влез со DIN 5 конектор. Го сменив со два RCA. Не поради друго, каде и да го носам засилувачот, морам да го носам и кабелот бидејќи DIN 5 скоро никој веќе не користи.