Диодите/грецот ги извадив сите 4 и ги измерив на диода мод. Сите дадоа скоро иста вредност во еден правец 440 (не знам што означува оваа вредност).
Најверојатно си ги мерел на омско подрачје и тоа ја означува нивната „отпорност“ (колку што може да интерпретира унимерот) во проводна насока.
По правило, треба да имаш подрачје за мерење на диоди на унимерот на кое на краевите на сондите обично се појавува некој напон (мал, до кај 3 или 4V најверојатно, зависи од унимер до унимер) и овој напон може да го „бутне“ (намали) ако диодата е ставена во проводна насока, при што на дисплејот ќе се покаже падот на напонот на диодата во проводна насока. Ако прикаже 0.0V или OL (Out of Limit, Out of Range) во двете насоки, диодата е прегорена.
На кој начин напонот се крева од 17 на 23V и како да го дотерам до 25V.
Напонот се исправува (се прави едноанасочен од наизменичен) и затоа се дигнува. Правилото е:
(вредност на еднонасочен напон) V--- = (корен од два, 1.41) * (вредност на наизменичен напон) V~
Ова е совршена ситуација, кога диодите би немале пад на напон во проводна насока. Од вредноста која ќе ја добиеш за еднонасочниот напон, минусирај ја вредноста за падот на напонот на една диоди (кај класични исправувачки диоди, околу 0.7V) помножена со два (за full bridge rectifier, грецов спој). Значи, минусирај околу 1.5V и ќе ја добиеш ведноста на еднонасочниот напон кој треба да го добиеш по кондензаторите за филтрирање (големите кондензатори врзани по грецот).
Напонот не може да го кренеш, освен ако не ставиш диоди со помал пад на напон. Вакви диоди се Шотки диодите. Истите имаат пад на напон од околу 0.2V, што значи дека вкупниот пад на напон за full bridge rectifier изведен со вакви диоди е околу 0.4V, од каде следува дека доколку искористиш вакви диоди во грецот, еднонасочниот напон ќе рипне за околу 1V (1.5V - 0.4V =~ 1V).
Но, Шотки диодите се брзи (fast, super fast, ultra fast), што значи дека практично, нема да филтрираат ништо од мрежниот EMI (електромагнетен шум) и поради тоа, најверојатно само ќе ја влошиш ситуацијата. На пример, можно е да пуштиш фен на истата фаза и да го слушаш фенот како работи на звучниците. Затоа и се ставаат „класични“ (спори) диоди во класични напојувачки степени (мрежен напон --> трансформатор --> грец --> кондензатори за филтрирање). За разлика од нив, бидејќи се брзи, Шотки диодите се користат во SMPS напојувања (switching напојувања).
Инаку, Шотки диоди може да извадиш од било кое напојување за PC... под услов да не се изгорени, но пак ќе напоменам, не би ти препорачал да ја правиш оваа преправка, нема потреба. Ако засилувачот работи како што треба на 23V, нема потреба да се преправа, разликата во напонот е мала.
Евентуално може да пробаш да ги замениш кондензаторите по грецот (да додадеш некои во паралела на постоечките или да ги замениш со некои со поголема вредност) и да видиш дали ќе рипне напонот и дали евентуално ќе исчезне бруењето. Ако се намали бруењето, најверојатно тука бил проблемот (поддимензионирана напојувачка секција). Додади уште некој електролитски кондензатор во паралела на постоечките или стави поголеми и проблемот би требало да го снема
.
Препоставка:
Трансформаторот има влеѕен напон од 230V, нашава градска мрежа е 220. Автоматски имам пад од неколку волти (Тие 2V). Колку игра улога разликава во напоните за стабилноста на целиот систем и колку ова има поврзаност со зуењето?
Не би требало да игра некоја улога доколку напојувањето на уредот е правилно димензионирано, но со Кинескиве направии... никогаш не можеш да бидеш сигурен.
Инаку, и кај нас мрежниот напон е 230V (не знам од која година, но некој период наназад е веќе 230V). А дека може да варира од населба до населба и од оптовареност на напојувачката мрежа (особено во зимно време), да, така да, ништо чудно да измериш и 220V сега, во ек на грејна сезона. Дури и добро е ако измериш 220V, проблем е ако измериш 180V
.