Author Topic: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен  (Read 8125 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
« Opened on 01.02.2017, Wednesday, 13:51:08 (Edited 01.02.2017, Wednesday, 13:53:36) »
Значи, во кратки црти, како може да извадам монофазен приклучок (штекер) од трофазен... поконкретно, кои контакти да ги искористам. Не знам какви видови на трофазни приклучоци има, јас имам... најверојатно некој стар (најверојатно некој Ex YU). Има три буксни, како на сликиве.





Распоредов на фазите и на нулата е очигледен од сликите, ама нека ми потврди некој кој се разбира (никогаш не сум правел вакво нешто) дали е навистина ваков распоредот и дали може да земам една фаза од било која од фазите или само од некоја определена буксна.

Само ме бунат малку ознаките. N е најверојатно нула така ???, а PE што би требало да биде, земја ???. Ама ако е земја, зошто е означено со PE ???.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
« Reply #1 on 01.02.2017, Wednesday, 15:22:01 (Edited 01.02.2017, Wednesday, 15:23:46) »
Гига очигледно е дека во твое време не се учело ОТО (ОТП или како се се викаше! :D :D). Во секој случај :

L –фаза  ( L 1/.2/.3 – три фази )
N- нула
Pe- заземјување


Сепак, најсигурно со инструмент во раката и пробај!! Секакви мајстори, далтонисти,мешаат бои... :D ;D ;)

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Извади нула, земја и било која фаза и терај...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
Може да искористиш било која фаза, нулата која е секогаш од десно на утикачот,и заземјување или како ти е пишано “PE"- protective earth, и се е ОК.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Гига очигледно е дека во твое време не се учело ОТО (ОТП или како се се викаше! :D :D).

Се учеше ОТП, ама наставникот ни викаше „немојте да чепкате во штекер, таму има струја“ ;D ;D ;D.

Извади нула, земја и било која фаза и терај...

Помеѓу било која од фазите и нултиот напонот е 230V~?

А зошто тогаш викаат „трофазен 380V“ ???.

Може да искористиш било која фаза, нулата која е секогаш од десно на утикачот,и заземјување или како ти е пишано “PE"- protective earth, и се е ОК.

А тоа ли значело PE ;). Јасно е сега ;). Јас па се чудев што значи ова PE :D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
« Reply #5 on 02.02.2017, Thursday, 09:56:00 (Edited 02.02.2017, Thursday, 10:05:47) »
 Гига тоа е меѓуфазен напон  изгледа не си учел за енергетичар измери меѓу двете фази со волтметар напон треба скоро 400волти да имаш веќе по новиот стандард.А помеѓу било која фаза и нула има 230волти тоа се вика линиски напон фазен напон. Гига чим вас постарите не ве учеле ова што да кажам јас сите енергетичари почнаа да ме мразат ги исмејувам не ми оди програмирање а тоа сум запнал а енергитичарине има некој незнаат трансформација од ѕвезда во триаголник мрежа така да не е страшно али се мачкаат на леб енергетичарите  8) 8). Значи тоа се три фази земени од различни места а напонот меѓу две фази треба да е 400волти помеѓу две фази значи е тоа меѓуфазен напон трофазна струја
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
« Reply #6 on 02.02.2017, Thursday, 10:05:58 (Edited 02.02.2017, Thursday, 10:11:19) »
Помеѓу две фази е 380 V ,ама ти земаш меѓу една фаза L (црна, црвена , кафена)  и  N нула ( плава) , а Ре ти е заземјување (жолто зелена жица). Јас барем такви кабли имам во моментов  ;D ;D  И пази ова како на сликата не дозволено - бланкирање со заби ! 8)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
« Reply #7 on 02.02.2017, Thursday, 10:10:29 (Edited 02.02.2017, Thursday, 15:27:04) »
Батка многу јака слика леле сега одма ќе си ја постнам кој зафрканции ќе паднат еден мајстор ќе резилам топ сликичка  8) ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
« Reply #8 on 02.02.2017, Thursday, 10:30:27 (Edited 02.02.2017, Thursday, 10:32:29) »
Извади нула, земја и било која фаза и терај...

Помеѓу било која од фазите и нултиот напонот е 230V~?

А зошто тогаш викаат „трофазен 380V“ ???.

Па имаш три фази, напонот помеѓу било кои две фази е 380V (400V по ново), напонот помеѓу било која фаза и нулата е 230V.
Пази да не извадиш две фази по грешка (премери!) место нула и фаза, сум видел измешани бои на жици и приклучоци, па да имаш после огномет... :D
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
« Reply #9 on 02.02.2017, Thursday, 11:07:44 (Edited 03.02.2017, Friday, 00:48:16) »
Не бе Гига да утне а и ќе си провери за секој случај ако се утне ќе биде I am fireball  ;D ;D ;D

Pitbull - Fireball ft. John Ryan
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
N-е нула, пд тука земаш нула, од PE-заземјување и од вило кое L-фаза и добиваш 3 жици за монофазен штекер, само да не ги измешаш, земјата мора да биде на водот за заземјување означен на штекерот, за останатоте не се битни лак нашиов систем, односно лај USстандардите се битни.

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Или друга алтернатива за ако ти се брза или сл, купи си има 150ден мислам дека е или тука некаде, 3 монофазни приклучоци ама се поврзва директ на трофазен штекер. Значи нешто како продолжен кабел со три монофазни приклучоци со трофзен утикач ама нема кабел. Сите 3 монофазни земат од иста фаза, така се споени внатре во адаптерот како да го речам. И бај д веј, линиски и фазен напон не е исто.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
« Reply #12 on 02.02.2017, Thursday, 18:47:38 (Edited 02.02.2017, Thursday, 18:53:51) »
Да да знам на што мислиш така е криво се изразив едноставно речено и толку нема потреба од други термини фазен меѓу фаза и нула и меѓуфазен напон мегу две фази нема потреба да во право си сега јас да тролам овде и комплицирам така е во право сте му дадовме важно на Гига сите совети  8) тоа е важното луѓе  8) 8)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Како да извадам монофазен приклучок од трофазен
« Reply #13 on 03.02.2017, Friday, 01:01:45 (Edited 03.02.2017, Friday, 01:09:25) »
@nsu: Да, слаб сум на поле на енергетика ;D. И да, слабо имавме учено (било каде, и на факултет) за трофазен напон. Во средно, бев на смер Електроника и Телекомункации, исто и на факултет. Предмети од енергетиката имавме да бираме само во 9-ти семестар. Избрав еден и тоа само поради тоа што лесен беше, не дека ме интересираше нешто многу енергетика.

А и искрен да бидам, цел живот, што и да сум приклучил, каде и да било, било монофазно. Еднаш, еден колега енергетичар поправаше некоја контрола за некој трофазен мотор кој се користел во некоја индустриска постројка, па се консултираше со мене, бидејќи он па послаб беше на тоа поле (нисконапонска електроника, електроника за контрола, итн.), ама само во консултација со него успеавме да откриеме каде е проблемот. Да бев сам, сигурно ќе ми требаше барем 4 или 5 пати повеќе време од она што го потрошивме заедно. И тоа го имам правено само еднаш. Сега да ме прашаш, не ми ни текнува што беше проблемот, а камо ли решението на проблемот :D.

Не знам... изгледа никогаш не сум се заинтересирал. Ама кога ќе ти дојде „јајцето на г*зот“, тогаш, како знаеш ќе научиш ;D.

Пази да не извадиш две фази по грешка (премери!) место нула и фаза, сум видел измешани бои на жици и приклучоци, па да имаш после огномет... :D

Да да, два пати мери, еднаш сестра и ;D.

Шала на страна ;D, ако треба и со креп трака ќе ги обележам, ама не ризикувам. Ма и на таблата со осигурувачи ќе ги обележам.

Е сега, само уште да е така како што пишува на таблата за осигурувачи :S. Инсталацијата е изведена одлично, се е добро направено и соодветно димензионирано... арно ама, на осигурувачот пишува „осветление“, го вадиш, половина стан ти свети, половина не, половина штекери ти работат, половина не ::)... е ајде најди логика ::).

Или друга алтернатива за ако ти се брза или сл, купи си има 150ден мислам дека е или тука некаде, 3 монофазни приклучоци ама се поврзва директ на трофазен штекер. Значи нешто како продолжен кабел со три монофазни приклучоци со трофзен утикач ама нема кабел. Сите 3 монофазни земат од иста фаза, така се споени внатре во адаптерот како да го речам.

И на тоа помислив.

Арно ама, сега идејата малку се „прошири“. На тоа место, каде што треба да има монофазен приклучок на кој треба да се приклучи фрижидер (фрижидерот се премести на спротивната страна од кујната), треба да има и две малечки шпоретчиња, малечко кујнско бојлерче и (планирано за во иднина) машина за перење садови. Така да, сега планот ми е следен:

1) Вадење на трофазниот женски приклучок (штекер) од ѕидот.

2) Затнување на дозната со пластично капаче.

3) Бушење на пластичното капаче на три места за да може да извадам три монофазни кабли од него.

4) Монтирање на два дупли и еден единечен Г-О (или О-Г, како и да беше) женски приклучоци (штекери) на ѕидот, со што ќе добијам пет приклучоци, од кои два се на првата фаза, уште два на втората фаза и еден е на третата фаза.

Е вака, мислам дека ќе бидат задоволени потребите за во иднина ;)... бидејќи, кога размислив, немам намера да купувам голем шпорет (стариот ќе оди во канта, од времето на дедо Ное е, а и само шпоретот му работи, кој и онака е полн со дупки :S), а голем дел од нив се веќе и онака монофазни, така да, практично трофазниот приклучок ќе стои празен или ќе мора да се преправа (ако не сега, во иднина сигурно). И така падна одлуката за преправка.

Мислам дека може вака да се преправи, така ???.

И бај д веј, линиски и фазен напон не е исто.

Да да, сега јасно ми е ;), прочитав и некои работи online, појасна ми стана ситуацијата ;).

Благодарам на сите за помошта ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Исто и ко ке ги поврзваш штекерите, запази си ја оптовареноста на фазите спрема на кој штек шо ке уклучваш.