Како што ветив, проектот го средив целосно.
Сега е на ред да го испрезентирам тука на форумот.
Шемата на проектот е во првиот пост на оваа тема, но таа претрпи некои измени од моја страна.
Левитација или лебдење претставува процес во кој едно тело се спротиставува на гравитацијата. На Земјата, за да се оствари левитација се што е потребно да лебди еден објект е сила што ќе дејствува во спротивен правец на гравитацијата, со еднаква големина која ја предизвикува самиот објект. Ова може да се постигне на неколку начини, и тоа: магнетни сили ( какви што користам јас во овој проект ), електростатички ( т.е наелектризирани ) предмети или аеродинамични објекти.
Е, сега, за јас да ја постигнам оваа појава, искористив операционо коло со TL072 кое што има за цел да го контролира MOSFEТ-от, односно MOSFET-от да го контролира протокот на струја во електромагнетот. Протокот на струја во електромагнетот е контролиран и од страна на сноп на светлина кој што е произведен од страна на ласер ( служи како предавател на оптичкиот сноп ) и фотоотпорник кој го прима тој сноп ( односно служи како приемник на светлосниот сноп ). Наизменичното вклучување и исклучување на електромагнетот е последица на предметот кој што се наоѓа помеѓу сензорот, односно кога би поставил предмет помеѓу сензорот струјата не би протекувалата низ калемот, но доколку добро го наместиме предметот, така што кога слободно би паѓал и светлосниот сноп би допрел до фотоотпорникот струјата би продолжила да тече низ калемот и објектот поради тоа наизменично палење/гасење на калемот ќе остани во бестежинста состојба, односно ќе левитира. Причината што калемот ги држи објектите во воздух е тоа што тој осцилира на висока фреквенција и може да го издржи предметот.
Се надевам објаснив ( колку што можев ) нешто и појаснета е функцијата на овој проект.
Доколку имам нешто погрешно напишано, секаква критика и корекција е добредојдена.
Во прилог еве неколку слики од проектот, и да, добро ги скрив конците.
П.С Можеби конструкцијата не е и баш најдобра ( естетски добра ), но тоа ми се најде по дома.