НАПРЕДОК
Направив неколку измени во шемата и добив многу подобри резултати од претходно ( со првичната шема ). Најпрвин, фото приемната диода ја заменив со фото ОТПОРНИК, потоа поради тоа што електромагнетот го магнетизираше јадрото т.е штрафот го заменив со динамо лимови. На местото каде што треба да стои фото приемникот ставив променлив отпорник од 20К оми, а приемната диода ја наместив на местото од отпорникот со вредност 4к7 и паралелно на приемникот променлив отпорник од 25К оми. Со овие измени се подобри функцијата на склопот, сега, сензорот е уклучен кога на него не дејствува светлина, додека кога дејствува тој се исклучува. Успеав да добијам левитација ( импровизирано, така што со рака го држев електромагнетот ) , но само неколку секунди ( додека не ми се измрда електромагнетот од рака ). Фото отпорникот сметам дека може да функционира, но е бавен за разлика од фото приемните диоди ( во мојот случај тие не функционираа ). Е, сега, според мене треба само да направам конструкција и добро да ги усмерам предавателот и приемникот. А, да! Ќе заборавев, на местото од отпорникот со вредност 180 оми 2 вати, планирам да наместам ЛЕД диоди ( светлечки, бела боја ), со цел да добијам поголема светлина и приемникот да реагира побрзо. Вие што мислите?
П.С При левитацијата користев блиц од телефонот, а не инфрацрвената диода ( бидејќи светлината што ја дава е недоволна ).