За чудо пак, во Логинг има на залиха адекватни замени за компонентите на плочката - за интегралецот ( UC3843B ) по цена од 40 денари и еквивалентни мосфети за приближно 120 денари (сигурно кинезот дава 10-20 за таа цена ама сепак).
За UC3843B, не ме чуди, колку што разгледував online, по отворањево на темава, се користи како SMPS контролер во многу уреди. Значи, не е некој "custom" Кинески интегралец
.
Доколку не проработи, тогаш ќе причекам за осцилоскопот за да го лоцирам проблемот - може да е до интегралецот, а може и да прави моќниот отпорник со мал отпор ( R4 ) кој не беше заменет со еквивалент ( нели беше целиот како на рингла ставен па не му ја знаеме оригиналната вредност ).
Да, можно е и тој да е проблематичен. Пробај намали му ја вредноста, види дали ќе проработи
.
Во меѓувреме направив делумна шема која го покрива влезот, интегралецот и мосфетот во прашање. Остатокот од колото може и од сликите поставени да се види, а и немам време да го доцртам.
Одлично
, браво
.
Значи, да бидам искрен, можеби си втор или трет член на форумов со кого имам разменувано post-ови и волку детално разгледувал проблем. Браво
. Ова ми се допаѓа и ова би сакал почесто да го гледам. Повеќето членови се откажуваат кога станува збор за детална разработка на определен проблем. Во определени случаи, навистина не се исплати, не викам не. Ама, јас пак, каков ме дал господ
, ако се заинатам за нешто, ма ќе го направам па што сака нека биде
.
Искрено, reverse engineering е зезната работа од секој аспект, без разлика дали станува збор за електроника или софтвер, така да, секоја чест за напорот. Се надевам дека трудот ќе му користи и на некој друг
.
Ако е ова правилната шема и ако нема грешки во примарниот дел, ќе ја прикачам сликата на форумов
. Така да, само потврди дали нема грешки во шемата. Ако можеш прецртај ја, за да биде по средена. Ако ти е тешко, не е проблем, на кој му треба, ќе се снајде и од оваа
.
Само ако може со малку поголема резолуција да биде шемата, 800x600 е, некако мала резолуција :S... особено за рачен цртеж.
Секундарната секција и не е баш толку важна. Има само исправувачки диоди и кондензатори... можеби и некој калем за L филтер во комбинација со кондензаторите.
Доколку некој е заинтересиран и сака да даде претпоставки, ете го.
Ќе ја разгледам шемата, ќе видам ако може нешто додатно да биде проблематично
.
П.С. Некоја елегантна идеја за напонскиот делител? Можам некаде да го сменам соодносот на отпорите за да го сменам напонот (ги гледам R5 и R8) или пак некаде да додам од горе отпорник (каде?) ? Искрено колово а и мојот цртеж доволно ме бунат и немам самодоверба да направам такви измени затоа што не сум сигурен како би се однесувало потоа.
R8 е врзан за пин 3 од UC3843B, а тоа е current sense пин, така да, тука нема што да се преправа. Можно е делот од шемата околу R4 и R5 да ти е згрешен. Некако не ми прави логика, зошто output (triger, пин 6 од IC) би бил врзан за source-от на switching MOSFET-от, а пак уште помалку зошто би требало да тригерува нешто во мрежниот дел (диодите) преку R4
.
Можно е R4 и R5 воопшто да не се врзани за пин 6 од UC3843B... провери ова. Можно е R5 да е врзан за пин 7 (Vcc) од UC3843B.
C3 ти е најверојатно грешно обележан и е најверојатно R3. Ако некаде треба да се постави напонскиот делител, тоа треба тука да биде.
Колку што разгледав од блок шемата на UC3843B, output (пин 6) е директно зависен од Vcc, (излезот му е logic buffer кој е директно напојуван од Vcc), така да, V
OLOW и V
OHI се директно зависни од Vcc. Ако е Vcc околу 15V, сметај дека V
OHI на пин 6 треба да биде тука некаде (според datasheet, околу 13.5V). Од друга страна пак, вредноста на V
OLOW варира, од 0.1 до 1.6V, што е над 1.5V (минималниот Vth на заменскиот MOSFET), така да, тука е можно да се јавува проблемот, односно UC3843B цело време да го става MOSFET-от во ON позиција (да не менува меѓу ON и OFF), по што реагира заштитата и се гаси SMPS-от.
Може да пробаш со преполовување на напонот. Извади го R3, меѓу пин 6 и пин 5 на UC3843B постави два сериски врзани отпорници од 4.7K. Од врската меѓу нив, извади го напонот за тригерување на MOSFET-от (како што се залемени двата отпорника еден со друг, залеми уште еден вод за таа врска и залеми го другиот крај од водот за гејтот од MOSFET-от).
Пиши што си направил
.