Јас мислам дека треба да проба сам да го поправи, не можам да кажам дали знае или не, ама ако не проба нема да научи, а вака и да го уништи тотално, или пак можеби ќе го поправи, напојувањето нема да направи ништо лошо, само ќе се запознае подобро со елементите тестирање и слично.
Предлогот за даташит е убав, набави даташит и според него одреди ги елементите, која нога што им е, мери ги, најчесто со она што е означено како диода на унимерот се испитува, или пак омски, со што би очекувал одредена вредност која според логика би била нормална за тој компонент, а тоа ќе го одредиме откако ќе почнеш со работа и ќе ни сликаш или напишеш резултати од мерењата.
Немој да го вклучуваш напојувањето во струја се додека не решиш дека поправката можеби е успешна, затоа што можеш само полошо да направиш