Author Topic: Регулирано напојување 0-30V 2mA-3A  (Read 3056 times)

Offline roliver

  • Нов член
  • *
  • Posts: 41
Регулирано напојување 0-30V 2mA-3A
« Opened on 16.09.2016, Friday, 16:53:40 »
Еве едно напојување кое се купува од интернет како кит и истото проработи од „прва“ после лемењето.

Следи уште монтажа на кулер место овој стар ладилник без вентилатор како и чистење на плочката од флуксот откако ќе се додаде на плочката 7812 или 7824 за кулерот, лед диодата и конекторот за кулерот (покрај додавањето на волт-ампер метар кој ќе биде монтиран на куќиштето).

Куќиштето имам намера да биде од плексиглас т.е. провидно.

Во прилог и шемата. Не знам зошто излезниот кондензатор е само 10 микрофаради па имам намера да го заменам со 100 микрофаради поради просторот (и влезниот не е воопшто преголем 3300 микрофаради).

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Колку чини китов?
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Околу 8$ на ибеј...
Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/0-30V-2mA-3A-Adjustable-DC-Regulated-Power-Supply-DIY-Kit-Short-with-Protection-/191958597377?hash=item2cb19fbf01:g:KtcAAOSwFV9XxqOm
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Па, ако е навистина добро, не е скапо... само што потенциометрите се многу блиску поставени, ама не е проблем, може да се раздвојат со додатни краткоспојници ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Аliexpress.
US $6.69 / piece
Free Shipping
Code: [Select]
http://www.aliexpress.com/item/Factory-Free-Shipping-0-30V-2mA-3A-Adjustable-DC-Regulated-Power-Supply-DIY-Kit-Short-Circuit/32479904408.html?spm=2114.01010208.3.390.Zmkv3U&ws_ab_test=searchweb201556_7,searchweb201602_3_10057_10056_10065_10068_10055_10054_10069_10059_10058_10073_10017_10070_10060_10061_10052_10062_10053_10050_10051,searchweb201603_1&btsid=2719ee5d-2f85-4eaf-bedf-592330c40be8
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одлично чим има цел кит вака. Никогаш не сум порачал некој кит а има добри стварно ;D ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Stalker

  • Нов член
  • *
  • Posts: 1
Одг: Регулирано напојување 0-30V 2mA-3A
« Reply #6 on 20.10.2016, Thursday, 21:05:59 (Edited 21.10.2016, Friday, 04:38:51) »
Јас го купив овој модел и ми пристигна пред еден месец. Го склопив дури пред неколку дена, го пробав онака на кратко и работи добро. Евтино китче и одлична варијанта за заштеда на време а сепак корисно. Сакам да напоменам дека не најдов оргинална шема од модулот, освен исцртани шеми со напомена за можни грешки. Доколку некој одлучи за изработка на пцб треба да внимава.

Опширни технички информаци (руски јазик) :

Code: [Select]
http://mysku.ru/blog/china-stores/33751.html
Уште еден линк за кит со комплетно решение за волт и ампер метар, верзија ЛЦД дисплеј 2х16. Одлична варијанта за оние кој немаат време за програмирање и несе љубители на лед верзија. (за помалце вредни, моја категорија ;D)

Опширно објаснување и шеми

Code: [Select]
http://mysku.ru/blog/china-stores/43065.html
За купување

Code: [Select]
http://www.banggood.com/0-28V-0_01-2A-Adjustable-DC-Regulated-Power-Supply-DIY-Kit-Short-Circuit-Current-Limiting-Protection-p-1060253.html?admitad_uid=5c1ad56089182656243a03d36ff34497

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Очень хорошо
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Провери го напојувањето со оптеретување, вака може да има регулација колку сакаш добра. Провери со некој отпорник да видиш колкав пад на напон ќе има кога ќе има потрошувач на излез :)