За жал, шема никаде не можев да најдам од чудово. И во официјалниот service manual од Sony има само некој блок дијаграм од плочите и вика да се заменат модулите доколку има проблем, што веќе го имаш пробано, така да... тоа е тоа.
Не знам како изгледаат плочите, ама ако има некои test points (најчесто се обележани како TPx, со некоја бројка наместо "x"). Не е лошо да се направат некои мерења... барем на напоните кои ги дава на излез напојувачката секција. Можно е некој напон да е нестабилен (да има некаде некој сув кондензатор), па да има некоја заштита, да не може да се покрене firmware-от. Можно е и при менувањето на плочките некој од чиповите да се набил со статички електрицитет, па да ги кочи некои од компонентите (CPU, EEPROM, итн.), да не може системот да се подигне... можно е и нешто да се има зезнато од статичкиот електрицитет, да се сменил некој бит во firmware-от/ите (не знам како е изведено ТВ-то).
Стави слики од Main Board, T-Con и PSU, но од оригиналните (оние кои си биле во ТВ-то, не оние кои си ги менувал), па... ќе кршиме глава
. Пожелно е сликите да се со поголема резолуција и да се сликани баш со фото апарат (не со телефон), под добро светло, дневно или неонско (најчесто подобро се читаат ознките под „ладно“ светло).
EDIT: Најдов некоја шема од шасија EX2L-Basil (на KDL-37S5500 шасијата е EX2L). Не знам колку и дали е слична на EX2L. Стави слики, па ќе видиме
.