Author Topic: Сложено коло со повеќе ИК -> интегрирана изведба  (Read 30890 times)

Offline rromano

  • Нов член
  • *
  • Posts: 5
Сложено коло со повеќе ИК -> интегрирана изведба
« Opened on 24.05.2016, Tuesday, 01:26:16 (Edited 25.05.2016, Wednesday, 10:04:32) »
Здраво на сите.

Дали постои можност некоја логичка шема да се изведе
интегрирано во еден чип или поточно на плочка со мали димензии? И каде  можам да го направам тоа?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Во фабрика за изработка на интегрирани кола ;D.

Наједноставно ти е да направиш логичка таблица на шемата и да испрограмираш микроконтролер врз база на таа логичка таблица. Во денешно време, тоа е наједноставно.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline rromano

  • Нов член
  • *
  • Posts: 5
Не сум работел до сега со МК. Инаку табелата (јас си ја викам протокол) веќе ми е готова  :)

Досега во шемата има 8 4-битни регистри(PIPO), 4 4-битни проверувачи на еквивалентност , неколку И/ИЛИ порти за логичка контрола...

И сево ова е еден модул кој ќе треба да се произведе во 1000-2000 копии во зависност од клиентот.

Дали сте слушнале за една мк фирма накај драчево што работи печатени плочки?

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Одг: Сложено коло со повеќе ИК -> инегрирана изведба
« Reply #3 on 24.05.2016, Tuesday, 11:59:29 (Edited 24.05.2016, Tuesday, 21:08:19) »
Има специјални кола за таа намена: Field-Programmable Gate Array (FPGA)
види на Wikipedia.
Code: [Select]
https://en.wikipedia.org/wiki/Field-programmable_gate_arrayГи има и на алиекспресс и се многу скапи. Јас лично не би ги земал од алиекспресс. Лично се имам изгорено при набавка на неконвенционални IC од таму.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Еве баш цитирано од Wikipedia.

Quote
A recent trend has been to take the coarse-grained architectural approach a step further by combining the logic blocks and interconnects of traditional FPGAs with embedded microprocessors and related peripherals to form a complete "system on a programmable chip".

И пак на крајот работата се сведува на микроконтролер ::).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Дали некој знае што значи овој збор во насловот од темата а тоа е: „инегрирана“ изведба
Code: [Select]
https://makedonski.info/search/%D0%B8%D0%BD%D0%B5%D0%B3%D1%80%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Значи, кај контролер логичките функции се имплементираат со хардверот кој го има контролерот. Кај овие кола физички постојат логички порти, флип флопови, ФИФО и така натаму. Се програмираат само врските помеѓу нив. Во првите верзии програмирањето било неповратно (како кај ROM). Еднаш воспоставените врски неможеш да ги измениш. Значи, Гига ова не е контролер ниту концепциски ниту хардверски. Нема код, нема програмски бројач нема main_loop. Има само setting код и толку.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Јасно ми е, сваќам кој е концептот ;).

Поентата ми беше дека во денешно време, со падот на цената на микроконтролерите и (според Wikipedia) постепеното намалување на производството на FPGA, поевтино е да се изведе со микроконтролер отколку со FPGA. Да, практично, можностите на микроконтролерот се многу малку искористени, но тоа е тоа... цената им е ниска и поевтино е вака да го изведеш отколку со FPGA.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Да се сложувам. За логика каде не е битна брзината контролерот е подобар избор од овие ИК. Но ако имаш во предвид дека и за најпроста лог-функција треба да имаш барем 4 инструкции, при такт од 4MHz и Fcyc = Fos/4, имаш 1 mikrosec по инструкција, значи околу 4 mikrosec за лог функција. Кај обична лог порта имаш пропагација што се мери во наносекунди. Затоа се скапи овие ИК.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Е да, тука си во право, тоа го заборавив ;). Се некако си ги идеализирам во глава ова дигиталниве кола, без разлика дали се микроконтролери или обични логички порти и заборавам дека, сепак, сите на крајот функционираат во реален свет ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline rromano

  • Нов член
  • *
  • Posts: 5
Благодарам на Тома за забелешката  :)

Инаку имам познавање (но неможам да се пофалам) од логички кола, уште од средно  ;D.
И како дополнителна информација... Не сакам да биде сложено колото за да не биде многу скапо производството.

Веќе имам дизајнирано нешто, но ми треба човек кој се разбира во имплементација. Кој регистар од дизајнот со кој ИК... и сл.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Тоа се плаќа батка.

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Сложено коло со повеќе ИК -> интегрирана изведба
« Reply #13 on 19.04.2019, Friday, 18:20:18 (Edited 19.04.2019, Friday, 18:47:10) »
Темата е од мај 2016 сега сме април 2019 за толку време се учи дизајн на логички кола.
Code: [Select]
https://www.mosis.com/products
Code: [Select]
https://mycmp.fr/technologies/process-catalog/
Сепак се ВРТИ !!!

Offline rromano

  • Нов член
  • *
  • Posts: 5
Тоа се плаќа батка.

Јас не спомнав дека барам некој за беспари да го направи тоа.