Author Topic: Еден типичен проблем со аналоген синтисајзер Roland JUNO-106  (Read 840 times)

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2918
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Еден типичен проблем со аналоген синтисајзер Roland JUNO-106
« Opened on 09.05.2016, Monday, 21:22:12 (Edited 09.05.2016, Monday, 21:25:50) »
Иако ова не е нешто многу интересно за поширокиот аудиториум, сепак решив да го документирам овој (делумно успешен) обид да се поправи еден типичен проблем кој се јавува кај овие синтисајзери.
Имено, во секој ваков синтисајзер има по шест custom направени VCF/VCA Voice Chip интегралци со ознака 80017A, хибридни кола направени на керамичка плочка и потоа залиени во некаква пластика или смола. Проблемот е што таа пластика со тек на време станува проводна и предизвикува откажување на чипот (или повеќе чипови), по што едино чаре е замена. Ова е чест проблем и порано или покасно ќе се јави кај сите вакви чипови. Бидејќи веќе не се произведуваат, единствен извор е од стари и растурени машини, но цената на ибеј не им е баш мала. Затоа луѓето пробале разни начини да се оживее чипот, па така на интернет може да се најде решение во вид на потопување на чипот во ацетон 48 часа за да оменкне пластиката и да може да се отстрани (излупи) по што има шанса чипот да проработи. Иначе во нашиот случај дефектен беше еден (вториот) чип.

Ова е нашиот пациент:



Вака изгледа под хаубата:



Напојувачкиот дел, чисто аналоген, без SMPS и сл:



Да не биде се аналогно, има и малце дигиталија:



Ова е плочата со чипот што не интересира, вториот voice чип е означен е со стрелка:




Вадењето е најлесно да се направи со дувалка на топол воздух, бидејќи падовите му се релативно мали и може да се оштетат од превише греење со леткум. По желба на муштеријата на местото на чипот ставивме подножје, за евентуално пробување и замена подоцна:



Иначе вака изгледа самиот чип (сликата е од нет, заборавив да го сликам после вадење):



Еве го нашиот на бањање во тегла со ацетон:



После 48 часа во ацетон и чистење на пластиката, чипот изгледа вака:




Го вративме назад, но за жал не проработи, можно е од проводната пластика да настрадал некој од интегралците. По желба на муштеријата, го извадив шестиот чип и го ставив на место на вториот, со што доби барем пет полифони по ред, без шестиот, не е она на што надевавме, но е сепак подобро од претходно, а во меѓувреме ќе биде нарачан заменски чип.

Шестката од овде...



...дојде овде, на место на двојката:



Засега е тоа, извадениот чип ќе оди уште некое време во теглата со ацетон, за да може под лупа убаво да се отстранат и последните траги од пластиката заглевени помеѓу пиновите од интегралците, да не прават евентуално сеуште некој спој, ако не проработи и после ова ќе оди друг на негово место...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9429
Добар приказ и вредно е да се знае! :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12110
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Да, интересна анализа и дефинитивно вреди да се знае ;).

А не е лошо, ако муштеријата се сложи со тоа, и на другите чипови да им ги извадиш пластиките, па да тера така, за да нема проблеми во иднина ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2918
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Ништо чудно и тоа да биде... ;)
Иначе доста се барани и овие IR3109N и BA662F вадени баш од вакви сменети чипови, и тие се custom правени за Roland и се користат во многу нивни инструменти.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio