Вака сега, имам еден проблем со истото трафо што го имам дадено на сликата неколку post-а пред овој. Ги одмотав секундарните немотки и сакам да намотам нови секундарни намотки ( 2 X 20V~), но имам еден проблем :S. Трафото е мотано „секиндар врз примар“, а не „секундар до примар“ (поделена касета). Сакав да прашам дали пресметките и за двата типа на мотање на трафо се исти или различни? И доколку се различни, дали ми се исплати да го одмотам целото трафо (и примарот), да ја поделам касетатат и пак да го намотам трафото со поделена касета или поедноставно е да ги направам пресметките за трафото со „секундар врз примар“ методот на мотање?