Трафото би требало да е во ред, не е заменско, ја има истата ознака како претходното, а и ги дава сите напони според шемата (180V, +/-16V).
Жицата за маса е поврзана на CRT плочката.
Греењето нема спој со ништо друго.
Но, на G1, мерено кон GND, нема никаков напон.
ЕДИТ:
R504 од 10М би беше сомнителен на мерење, го извадив и го сменив, исто ги извадив и проверив C504 и D501, беа добри па ги вратив назад и проработе ТВ-то, точно на време за да го видам Атанас како во живо го презентира својот јонски мотор на МРТ (малце притоа им ја избербати масата, ама ОК)...
Благодарност до Тома, кој е секогаш спремен да помогне во вакви ситуации, и до GigaWatt кој експедитивно ми донесе TDA6107Q...
Имам само уште едно прашање, приметив дека D2499 прилично се загрева, после една минута скоро и да не може да се држи со прст, знам дека може да поднесе и многу повеќе од тоа, но ме чуди што фабрички нема никаков ладилник. Дали е ова случај и кај други шасии/модели...?