Овој пирограф го изработив бидејќи ми беше потребен за она со што се бавам, а не сакав да дадам стотина и повеќе долари колку што коштаат фабричките, кои иначе, според мене, се озбилно преценети за она што го нудат. На повеќето поефтини (хоби) модели е нагласено дека не смее да се користат повеќе од саат-два континуирано иначе се прегрева трафото внатре, што беше неприфатливо за мене и главен поттик да си направам нешто свое. За повеќе од година дена, колку што го користам овој пирограф, а некогаш знае да остане вклучен и по цел ден, трафото едвај станува млако на допир.
Во кратки црти овој пирограф претставува трафо кое на секундар дава малку волти и многу ампери, врзано преку регулација.
Кај мене трафото е околу стотина вати, секундарот е премотан со десетина намотки лак-жица со дијаметар 1,5mm (таква имав, може да се стави и подебела), регулацијата е обичен димер изваден од стара правосмукалка. Тука може да се употреби било кој димер наменет за индуктивни товари, го имам пробано и овој, одлично функционира:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4219.0Кутијата е од старо напојување од Комодоре64, земено од бувљак за џабе...
Внатрешноста со трафото и регулацијата:
Излезните буксни се врзани директно на секундарот од трафото:
Најголем проблем е изработката на рачката, за ова се идеални клеми какви што се наоѓаат во поновите ел.броила, имаат четвртаст пресек и должина од 5-6cm и доста се издржливи и робусни. Клемите се раздвоени со долго тенко парче од некој подебел пертинакс што го имав дома. Врз сето тоа се навлечени обични плутени тапи кои одлично изолираат и топлината од врвот воопшто не се осеќа:
Врвовите се правени од 0,8mm жица за греачи, кована и шмирглана во разни форми кои што се потребни. Идеално би било на деловите каде што се штрафат за рачката да им се навлече и стегне во преса некое бакарно или месингано цевче, за да се загрева само врвот, ама не најдов некој што ќе го направи тоа, па засега остануваат вака:
За крај, можда овој пирограф не е личен како фабричките, посебно рачката, ама итекако си ја врши својата работа...