Напонот кој што постои на кабловската мрежа не е случаен - од допир на фаза, дефект на уред и сл.. Тој напон постои заради напојување на засилувачите на сигнал кои ги има на одредени места во кабелската мрежа.
На кабелските оператори не им се исплати за секој засилувач да бараат приклучок на струја од ЕВН, па си имаат направено сопствен систем за дистрибуција на струја преку антенските кабли. Во одредени точки од мрежата („нодови“) имаат приклучок на струја, и од таму ги напојуваат околните засилувачи. Вредноста на тој напон треба да е точно 75 V 50 Hz, ама поради повеќе причини како што се пад на напон, неправилно заземјен извор и сл. многу варира, па, како што кажа Борче може да отиде и над 100 V.
Сега околу решението за галванска изолација:
Шемите со трансформатор и со кондензатори ми се испробани, и можам да кажам дека таа со кондензаторите доста го слабее сигналот. Онаа со трансформаторот изгледа подобра - кај мене и таа го ослабна сигналот ама мислам дека со правилно изработен трансформатор - одредено јадро, број на навивки, тип на жица.. ќе работи. Или не???
Јас имам едно уникатно решение направено, ај малце покасно ќе го нацртам и прикачам.