Пастата е силиконска термоспроводлива паста, постои бела и сребрена, сребрената е подобра меѓутоа знае да направи спој ако се шлакне каде што не треба, белата е поевтина и посигурна не прави спој и да капне каде што не треба.
Доколку ставаш изолатор (лискун) помеѓу транзисторот и ладилникот, да не ги заборавиш пластичните подлошки за штравчињата и да пробаш на крајот дали нема контакт помеѓу делот (транзисторот) и ладилникот. Исто кога ставаш лискун ставаш паста на ладилникот, ставаш лискун и ставаш паста и на лискунот пак за да има добар контакт со транзисторот.