Author Topic: Модуларни Синтисајзери и модули  (Read 6446 times)

Offline vladosh

  • Нов член
  • *
  • Posts: 32
Re: Модуларни Синтисајзери и модули
« Reply #15 on 01.06.2019, Saturday, 19:19:07 (Edited 01.06.2019, Saturday, 19:21:21) »
Не е само до евтино, многу поедноставно е да работиш со готови preset-и/patch-ови :-\... сите веќе така работат. Ова е убаво хоби, ама моментално, нема некоја иднина. Се е веќе дигитално и се повеќе се оди кон DSP... аналогните сајзери ќе останат само како убав спомен, за жал :-\.

По светот има луѓе што го негуваат ова , правење оригинални печови ,со поголеми системи ,и уште е популарно ,се оди кон дигитално ,ама трендот на аналогните сајзери излезе скоро пред 10тина години станаа повторно популарни кога веќе постоеја fm синтеза семплување и што ли не ,работата е што се малку тешки за работа - едно , друго што ти треба да имаш поголем систем да отсвиреш нешто во живо ,така да со мал систем со два-три осцилатори неможеш да направеш нешто по софистицирано ,од друга страна е и поскапо од фабричките сајзери како Берингер , они склопат нешто минимум ,ќе го украсат со нешто дигитално како некој паметен секвенцер и така ,нивната целна група се млади луѓе и тие знаат кој колку може да потроши и колку може да разбере ,колку им е трпението и така ,тука ја се распишував .. еве некој линкови до музики шо прават луѓе со модуларци

Code: [Select]
https://douglynner.bandcamp.com/
Code: [Select]
https://www.youtube.com/user/Phisynth/videos
Code: [Select]
http://www.vicmod.net/catalog.html

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12383
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ова е се многу убаво, но во денешно време, за жал, не верувам дека ќе видиш настап во живо со ваква опрема :-\. Чест на исклучоци, ги има, но малку се. Дури и култни имиња кои беа познати по тоа дека имаат работено и со модуларни сајзери, како Orbital, Future Sound Of London, Aphex Twin, итн., веќе не настапуваат со таква опрема во живо :-\. Можеби уште работат на неа, ама на настапи, не ја носат :-\.

И да, имам забележано дека има подем во оваа насока во последниве 10-тина години, но тоа се пак само експериментални бендови и хобисти ентузијасти. Сериозни музичари, не фаќаат веќе ништо што има повеќе од 2 или 3 кабли и не се врзува со PC/лаптоп :-\... знам, жалосно, но реалноста е таа :-\.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline vladosh

  • Нов член
  • *
  • Posts: 32
Re: Модуларни Синтисајзери и модули
« Reply #17 on 01.06.2019, Saturday, 19:38:52 (Edited 01.06.2019, Saturday, 19:39:42) »
еве нешто шо сум снимал со некој од сајзерите шо сум ги правел ,првиот линк е до снимки од првиот сајзер со само два осцилатора и други работи ,вториот линк е со сајзерот на сликата ,само со еден класичен осцилатор ,а ова за настапите у живо .. има! ,и тоа многу по светот , плус се собираат луѓе шо свират на synthmeet кај шо има настапи ,во светот е голема работа - популарно ,ако го погледнеш muffwiggler или electro-music ќе ти биде јасно ,за aphex twin и другите ..работата е шо они се бендови од 90тите ,ова се појави покасно околу 2000та или и некоја ,така да за нивната музика не значи ,убавината на модуларните е и мисловниот процес планирањето ,тоа во себе ја содржи естетиката која се очекува од музиката

Code: [Select]
https://archive.org/details/Synthacks-Vlad-Scetchbook
Code: [Select]
https://archive.org/details/SketchbookIi-SynthacksModular

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12383
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Епа добро, ако е таква работата, тогаш дај еве некој линк од некој сега познат бенд кој настапува со модуларни сајзери на сцена ???. Јас не знам таков ???. Не е дека не сум во тек со модернава музика, сум, исто како и порано (можно е малку да „лагирам“, порано имав повеќе време за да бидам во тек со музиката, но сега веќе не толку, за жал :-\), исто и со експерименталната електронска музика, ама не сум начекал на некој бенд кој би рекол дека „отскокнува“ од секојдневието и работи на модуларни сајзери. Можно е и да има, не викам не, но барем јас, немам начекано. Имам слушано што имаат работено дел од новиве бендови кои работат со модуларни сајзери... искрено, барем за мене, тоа е се веќе видено и чуено. Несомнено ќе биде интересно за младите, но мене не ми е интересно :-\. И искрено, ниеден од нив не ми „отскокнал“ музички надвор од зоната „интересно, ОК е :)“. Ако не ми отскокне, најверојатно нема да сакам да го чујам повторно. Треба да биде нешто навистна вонсериско за да ми отскокне и да кажам „леле, ова е навистина одлично човече“... не ја слушам музиката во стилот на „овој користи ваков сајзер, оној онаков“... ако ги делам така бендовите, половина и повеќе од нив не ни требаше да ги слушам. А знам дека има вакви „собиранки“ на кои се собираат ентузијасти, луѓе кои се вљубеници во ваква опрема, но да бидеме искрени, тоа на крајот се сведува баш само на тоа... собиранки, ништо повеќе. Не знам некој бенд кој се составил или проникнал од вакви собиранки.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Online krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 563
  • Gender: Male
Значи мислев нешто како во стилот на @Phisynth, како и да е аналогната музика е баш уметност.
Мило ми е што вакви ентузијасти сеуште има, чинам дека и @LordZi правеше по нарачка модули но никако не открив за кој беа наменети, дали за домашен или странски пазар. :)


Offline vladosh

  • Нов член
  • *
  • Posts: 32
Re: Модуларни Синтисајзери и модули
« Reply #20 on 01.06.2019, Saturday, 20:36:14 (Edited 01.06.2019, Saturday, 22:16:17) »
еве уште некој бендови или лејбл што се популарни во светот ,а музиката сама по себе ,можам да се сложам дека знае да биде и не-убава ,повеќе е уметност целиот процес од колку само музика во класична смисла ,Бенге е популарен ,a game of life е лејбл за 90% модуларни сајзери исто како вицмод ,може да биде малку тешко за слушање ,ама е забавно за свирење  :)

Code: [Select]
https://zackdagoba.bandcamp.com/
Code: [Select]
https://gameoflife.bandcamp.com/music

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3011
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Значи мислев нешто како во стилот на @Phisynth, како и да е аналогната музика е баш уметност.
Мило ми е што вакви ентузијасти сеуште има, чинам дека и @LordZi правеше по нарачка модули но никако не открив за кој беа наменети, дали за домашен или странски пазар. :)

Да, има дечки од Скопје кои уште свират на модулари и за кои ги правам модулчињата.
Барајте го на јутуб LOOK MUM NO COMPUTER, англичанец е типот, да видите што прави ...😊
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline vladosh

  • Нов член
  • *
  • Posts: 32
еве и еден добар омилен бенд од Канада ,во живо ..свират уште од 70ти години до денес

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3777
  • Gender: Male
Re: Модуларни Синтисајзери и модули
« Reply #23 on 04.06.2019, Tuesday, 03:37:43 (Edited 04.06.2019, Tuesday, 12:43:49) »
Овај наместо сајзерот тој си се модулирал (18+)


Offline vladosh

  • Нов член
  • *
  • Posts: 32
Re: Модуларни Синтисајзери и модули
« Reply #24 on 06.05.2020, Wednesday, 16:13:52 (Edited 07.05.2020, Thursday, 13:16:04) »
Уште две сликички , една од порачка за јапонија ,17 инчен Серџ ,плус мојо сајзер скоро готов ,сеуште ..  :)




Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Најголемипт проблем кај овие синтисајзери ми е што тонот што ќе го добиеш еднаш, скоро и невозможно е да го рекреираш по втор пат. Затоа ми се поинтересни софтверски модуларни синтисајзери.
Пред околу една година, кога уште работев онлајн, еден човек ми предложи да дизајнирам модуларен синтисајзер, кој би работел со еден вид на дигитален интерфејс, т.е. да се работи со прецизни енкодери, а процесорот да ги пренесува поадтоците на реални аналогни модули преку 10 битни дигитални потенциометри. Замислата држеше вода, но човекот остана без финансии и проектот умре, а баш со кеф го работев... :/
Што мислите за таква хибридна изведба?
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3777
  • Gender: Male
Инсталирај rebirth.

Offline vladosh

  • Нов член
  • *
  • Posts: 32
Re: Модуларни Синтисајзери и модули
« Reply #27 on 10.05.2020, Sunday, 06:02:30 (Edited 10.05.2020, Sunday, 11:29:05) »
Што мислите за таква хибридна изведба?

Мене ми станаа интересни овие аналогните ,не се споредува со софтвер ова ,звукот е погруб поагресивен и програмирањето е основно ,коа ми се свире софтвер свирам софтвер ,ама ова е друго .. изработка е ,лемење ,штимање ..си има шарм некој ,за тоа комбинирање со дигитални потенциометри мислам дека нема многу модуларни кај шо можеш даа повикаш сетинг ,кај Букла можеш на пример ,ама тоа кошта ,мене поинтересен експеримент од таков вид ми е Сал Мар Конструкција ..побарај на интернет ,мислам дека имаше и некој планови / шеми за него ,таа машина е така некако направена

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12383
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Пред околу една година, кога уште работев онлајн, еден човек ми предложи да дизајнирам модуларен синтисајзер, кој би работел со еден вид на дигитален интерфејс, т.е. да се работи со прецизни енкодери, а процесорот да ги пренесува поадтоците на реални аналогни модули преку 10 битни дигитални потенциометри. Замислата држеше вода, но човекот остана без финансии и проектот умре, а баш со кеф го работев... :/
Што мислите за таква хибридна изведба?

Имав идеја за слична изведба, со тоа што јас сакав ова да го изведам со MIDI команди, за да не морам да се замарам со I/O модули ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Епа поентата ми е, најдоброто од двата света, да биди аналогно ама да има и опција да си повикаш пресет.

Quote from: GigaWatt
Имав идеја за слична изведба, со тоа што јас сакав ова да го изведам со MIDI команди, за да не морам да се замарам со I/O модули ;).
Проблемот со миди ми е што е само 8 битно, т.е. би почекал MIDI 2.0 за подобра контрола, 128чекори на потенциометар не мизвучат добро...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.