Author Topic: Модуларни Синтисајзери и модули  (Read 3301 times)

Offline vladosh

  • Нов член
  • *
  • Posts: 20
Повеќе години се занимавам со изработка на синтисајзери и модули , аналогни модуларни , еве некој од мојте изработки











Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2918
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Модуларни Синтисајзери и модули
« Reply #1 on 11.01.2016, Monday, 19:37:59 (Edited 11.01.2016, Monday, 19:40:17) »
Фино изгледаат, можеш да ставиш во темата и некои шеми по кои си работел или линкови од нет, еве од мене една страна за почеток, имам неколку модули од овде правено по нарачка:
Code: [Select]
http://www.musicfromouterspace.com/index.php?MAINTAB=HOME&VPW=1024&VPH=500
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline vladosh

  • Нов член
  • *
  • Posts: 20
Одг: Модуларни Синтисајзери и модули
« Reply #2 on 11.01.2016, Monday, 20:19:24 (Edited 11.01.2016, Monday, 20:59:52) »
имам еден блог на кој обично ставам шеми шо ми се видат интересни ,има и некој плочки шо ги исцртав последните месец два
Code: [Select]
http://www.synthacks.blogspot.com
инаку за шеми од сајзери направив и една збирка на еден форум
Code: [Select]
http://electro-music.com/wiki/pmwiki.php?n=Schematics.Schematics
МФОС има добри шеми ,јас требаше да сработам два Марк 2 синтисајзери по нарачка ама се изјалови работа ,имам осцилатори правено од таа страна

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12110
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Браво за изработките, не мислев дека некој има време и нерви да прави целосно аналогни сајзери... барем не кај нас ;).

И јас едно време се интересирав, ама ми опадна ентузијазмот. Се е веќе дигитализирано и ретко кој сака да се замара со врзување на кабли, ова она... а ретко и кој се разбира што како треба да се врзе... load-ај preset на VST, мрдни некој knob, колку да не биде апла исто и терај работа ::).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline vladosh

  • Нов член
  • *
  • Posts: 20
фала , беше голем тренд , мислам дека е веќе во опаѓање после таа обсесијата со еурорак , 100ци мали фирми и производители се појавија , кога конечно се врати роланд да изработува модуларни сајзери ,значи дека е завршена приказната , ама интересно е сепак , со секој нов модул очекуваш некоја нова функција нов сооднос меѓу модулите и нови звуци , скап спорт е ,барем за кај нас редко кој може да си дозволе цел систем , компјутерот е одлична алатка за правење каква сакаш музика , јас навлегов у ова со аналогната електроника малку и навика е , викат модуларен синтисајзер никогаш не е завршен

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12110
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Да да, така е, приказната за аналогните синтисајзери нема да има крај, барем во определени стилови на музика, џез, некои експериментални стилови, итн. ;).

Со среќа и со натамошните изработки ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline ivica.s

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 369
  • Gender: Male
  • RF Guru
    • Регистрирај се и заработи на envato.com
Браво за изработеното и реално се изненадив зошто не мислев дека ова го има кај нас.  :)

Offline vladosh

  • Нов член
  • *
  • Posts: 20
Re: Модуларни Синтисајзери и модули
« Reply #7 on 01.06.2019, Saturday, 09:20:15 (Edited 01.06.2019, Saturday, 18:34:47) »
еве уште една кутија што ја завршив пред некое време  , е не ми текнува како да ја стаам сликата хех  ;D




Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 475
  • Gender: Male
Импресивно, секоја чест.
Ме интересира дали ти ги користиш овие модули или некој ентузијаст овде во МК?
Би било убаво и да чуеме некое клипче како звучат. :)

Offline vladosh

  • Нов член
  • *
  • Posts: 20
Re: Модуларни Синтисајзери и модули
« Reply #9 on 01.06.2019, Saturday, 16:02:03 (Edited 01.06.2019, Saturday, 18:37:18) »
Oваа кутија за мене си ја правев ,имам правено за луѓе ,ама редко тоа ,можеш да слушнеш тука:

Code: [Select]
https://soundcloud.com/r25990127
Cнимките се обично од помали системи.

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 475
  • Gender: Male
А дали има МК музичари што користат вакви аналогни модули?

Offline vladosh

  • Нов член
  • *
  • Posts: 20
Нема многу , пред некое време у скопје влегов у некоја продавница за опрема гледам има и ефтини некој сајзерчиња ,мислам дека кај нас и сите гледат да си минат поефтино ,тоа ја шо знам ,мене не ме контактирале многу за правење нешто , така-така

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12110
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не е само до евтино, многу поедноставно е да работиш со готови preset-и/patch-ови :-\... сите веќе така работат. Ова е убаво хоби, ама моментално, нема некоја иднина. Се е веќе дигитално и се повеќе се оди кон DSP... аналогните сајзери ќе останат само како убав спомен, за жал :-\.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 475
  • Gender: Male
Мислев на тоа дали некој кај нас сеуште експериментира (создава музика) со аналогни сајзери и користење на ваква технологија.
Јасно ми е дека ваквите аналогни звуци се изгенерирани и семпловани во дигитална форма за различните софтвери кои се користат во музичката индустрија.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12110
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Пааа... не е баш дека се семплувани. Samples се користат за дигитални pligin-и кои треба да имитираат реални инструменти, како гитари, пијана, итн. Семплување најчесто не се користи кај дигиталните сајзер plugin-и. Кај нив се користи истиот принцип кој се користи и кај аналогните, со таа разлика што алгоритам обработува која и каква бранова форма ќе се изгенерира или која комбинација на бранови форми ќе се изгенерира, со кој интенезитет ќе биде секоја од нив, дали ќе има delay додадено, колкав да биде delay-от, колку да биде wet/dry однос, итн. Практично е истото, но дигитално генерирано ;). Всушност, на хратија, поточна е дигиталната репрезентација на овие сигнали отколку што е аналогната. Но, аналогната си има свој „шмек“, нешто што дигиталните сајзери/plugin-и никогаш не може да го имаат ;). Има начини како да се „нашминкаат“ дигиталните сајзери, да звучат помалку „суво“, но тоа е само „шминка“ :-\.

Можно е да има некои ентузијасти кои кај нас ги користат овие зајзери (аналогните), но верувам дека се многу малку... прво треба длабоко да навлезеш во начинот на синтеза и генерирање на звуци со аналогните сајзери, а тоа е далеку од тривијална работа. На пример, повеќето музичари, ако немаат никакво техничко познавање околу анализа и синтеза на звук, нема да се снајдат. Затоа релативно малку музичари ги имаат користено и во минатото. И цената си играла своја улога (биле неверојатно скапи), но и фактот што, па... ретко кој знаел „баш што сака да направи“ на еден ваков модуларен сајзер ;). Затоа оние кои знаеле, многу често биле сметани за „гении“ на музичката сцена (што и не е далеку од вистината, барем според мене ;)). И баш од овие причини, кога почнуваат дигиталните инструменти да навлегуваат на пазарот, почнува подемот на дигиталните сајзери со готови preset-и/patch-ови ::). Практично, ги бираш од банка на presets веќе готови patch-ови ::)... нешто што одзема огромен дел од самиот процес на создавање на музиката, и поради тоа, секоја песна веќе звучи на секоја друга ::)... тоа почна уште на крајот на 80-тите, но процесот си продолжи во 90-тите, 2000-тите, се до ден денешен... затоа сега е екстремно лесно да направиш било каква песна... скоро од се имаш готови preset-и и patch-ови... само load-аш некој, ставаш некој глуп ритам, 2, 3 ноти на сајзерот и оп, имаш матрица за рап ::). Тоа е тоа, се менуваат работите ::).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."