Значи вака. Ова е добар инструмент и накратко ќе ти кажам како се работи со него.
Прво прикличи го0 предавателот и антената на инструментот.
Во зависност колкава снага има твојот предавател одбери во RANGE, 200, 20 ili 5 W
1. Намести го инструментот на позиција CAL, во делот на FUNKTION
2. Уклучи го предавателот да предава.
3. Врти го потенциометарот CAL се додека стрелката од инструментот не го покаже максимумот, на крајната позиција каде што пишува CAL со црвено. Вака инструментот ти е калибриран.
4. Така калибрираниот инструмент додека предава предавателот, префрли од CAL позиција на SWR во делот на FUNKTION и така ја добиваш вредноста на SWR-от.
5. Доколку во делот на FUNKTION префрлиш на позиција POWER додека предавателот предава, ја добиваш снагата.
6. Додека е на позиција POWER во делот на FUNKTION, префрли на FWD и добиваш колку снага озлегува од антената, додека REF е снагата која во зависност од SWR-от се враќа назад преку коаксиалниот кабел во предавателот.
Тоа е за антената, но за да ја измериш вистинската снага на предавателот, не можеш преку антена туку како што веќе ти е спомнато, мораш да употребиш вештачка антена како на сликата.