Уште од пред повеке години посакав да имам своја станица и да зборувам со други луѓе, но кога ке ми кажеа теба да полагаш испит и да добиеш дозвола па тек тогаш можеш да зборуваш преку радио станица, ми доаѓаше мисла од типот: ајде кој ке се зае*ава, многу процедури, па треба да се учи па да се полага, па дали ке положам и се се пишманев. После си играв со ФМ предавателчиња кои секако ги користев на вештачки отпор бидејки да емитуваш на ФМ преку антена не е баш добра идеа, уствари забрането е. Некаде во Мај 2011 год. членот Горан (go4o) ми спомна дека планира да учи за радиоаматер, по неколку дена ми кажа дека ке иде во Скопје да полага. За кратко време ми кажа дека положил и чека да му стигне дозволата, се убаво и детално ми објасни како иде процедурата чекор по чекор за да станам радиоаматер. Голема благодарност до него за тоа што ме охрабри и ми даде волја да пробам. Ги преснимив прашањата со одговорите и додека бев на одмор во Август 2011 во Паралија си ги читав прашањата после плажа. Кога се вратив дома во Скопје ми се јави човекот од АЕК, не знам како се викаше (мислам Никола) и ми спомна дека ке има полагање дури во Октомври, потоа ми излезе пак да идам на одмор на Тасос, па ајде пак си ги повторував прашањата. Кога се вратив дома веке по некој ден отидов на полагање. Полагавме во АЕК центарот на Зајчев рид во Скопје, тамо беше Диме кој е секретар во РСМ, Ратка од АЕК и уште неколку други луѓе од АЕК. Сите што бевме да полагаме бевме почастени со сокови и грицки и односот на вработените кон нас беше многу добар и беа многу љубезни со нас, дури после еден од вработените (мислам Никола се вика) баш ми рече дојди по некогаш на кафе кај нас во АЕК. Навистина нешто фасцинантно, едноставно беа добри како да ни се родители, ептен супер луѓе.
Некаде дури кон крајот на 2013 год. од Лордзи купив радио станица Kenwod TH78E но поради работни обврски во тоа време и немав ич време да направам напојување за истата. Во Август 2015 нарачав преку интернет радио станица која при крај на Август почнав да ја работам, првиот контакт ми беше преку R6 Бреза со радиоаматер од Банско - Бугарија, кој случајно се имаше уклучено на наш репетитор, а пак јас мислев дека сум се уклучил на српскиот на Бесна кобила. Потоа со адаптирав едно напојување и ја пуштив станицата од Лордзи која е одлична станица. Потоа преку радио врска почнав да запознавам доста радиоаматери од Скопје, Прилеп, Тетово и Кавадарци.
АЕК се покажаа како исклучително големи пријатели, дури ми пратија писмо да одам на нивни состанок на гратски саем во Скопје, кога отидов тамо се изненадив, која чест ми пружиле, бев во друштво се со менаџери и директори од телеком, вип, оне, т-мобиле, неотел и сл. се господа а јас обичен човек радиоаамтер после имаше богат коктел.
Повторно ми стигна посмо од АЕК со цел да помогнам со совет нешто околу работата на агенцијата ако не се лажам, не ме зимајте за збор не се сеќавам.
Забегав малце со муабетов ама ај уште ова да ви го кажам.
Извинете ова што ке го пишам со големи букви,
ПОТЕНЦИРАМ, СЕКОЈ ШТО ИМА ЉУБОВ КОН РАДИОАМАТЕРСТВОТО СО ОВА САКАМ ДА ГО ОХРАБРАМ ДА ПОЛАГА И ДА СТАНЕ ЛИЦЕНЦИРАН РАДИОАМАТЕР. НЕКА НЕ СЕ ПЛАШИ! СЕ ШТО ТРЕБА КЕ ПОМОГНЕМЕ, САМО ИМАЈТЕ ЖЕЛБА И НИШТО ДРУГО.