Фак, дури и од кодираниот бројчаник на влезната врата од зградата имам дамп
Хахаххаха
. Ме изнасмеа.
Инаку, да, добра ти е идејата околу темата со dump-ови од уреди. Ќе отворам една и ќе ја pin-увам... само да видам во која подсекција би било најдобро да стои.
А за дискусијава, нека стои тука... ваљда некој ден ќе проработи search-от
.
Има разлика дури и од дампот што сум го извадил јас и дампот што сум го спуштил откај браќата руси, макар била и истата верзија на биос и двете машини биле во одлична работна состојба. Претпоставувам дел од тоа се должи и на програматорот со кој е отчитан дампот
Да, и јас го имам ова зебележано, ама не е до програматорот со кој е исчитан фајлот. Сум анализрал различни dump-ови, пред се од матични плочи и лаптопи да бидам искрен, и стигнав до заклучок дека најчесто е serial/ID во прашање. Сериски број на лаптоп/матична плоча. Само што корисникот не го интересира тоа, нели, штом дошол кај мене, значи му прошла фабричка гранација
, него му е важно да работи
.
Баш имав една таква чудна ситуација со OEM Win10. Изгледа се врзува не само за модел, туку и за serial и со неговиот OEM код и друг BIOS (dump најден online, од браќа Руси најверојатно, не ми текнува) не сакаше да се активира Windows-от. Јавуваше некој error и кога побарав online, излезе дека error-от се јавува поради тоа што некоја друг лаптоп веќе ја користи таа лиценца...
претходно корисникот си работел најнормално со активиран Win10 Home. Единствено логично објаснување ми беше ова, проверува и serial на лаптоп (матична плоча) и проверува дали е активирана некоја друга машина со тој serial. Јас мислев дека нема да има проблем, дека работата ќе биде plug-n-play со dump-от, арно ама... цврц :S... Win10 се подига, работиш едно 20 минути (со активен Wi-Fi, значи online) и он си проверил изгледа во меѓувреме и... activation error „не знам кој“
.
А ова за програматорите, бидејќи биле различни, различно исчитале, не мислам дека си во право. Тоа не смее да се случи. Ако се случи, тоа значи дека нешто не е во ред со програматорот. Содржината на било кој EEPROM/FLASH, кога е offline (не е во работа), не треба и не може да се менува, а ако различни програматори различно читаат, една од две работи може да се во прашање. Или некој од програматорите не работи како што треба или EEPROM/FLASH меморијата е проблематична и со еден програматор едно прикажува/исчитува (поради малку повисок или понизок напон на напојување, малку поразличен начин на пристапување кон содржината на EEPROM/FLASH чипот, итн.), а со друг друго. Трето нема.
Мојата плоча е Gigabyte GA-Z77-DS3H, dual bios технологија. Мануелно ги апдејтував OROM драјверите во последниот бета биос, и истиот го флешнав хардверски и во двата чипа. Проработе од прва, и работи 24/7, буквално.
Е мене пак ми се има случено обратното со друга плоча на Gigabyte. Баш имам пробувано, не дека беше проблематичен BIOS-от, туку чисто онака пробував. Го исчитав едниот чип и другиот. Binary compare јави дека е различна содржината. Ај, ОК, можеби нешто погрешно исчитал програматорот. Ги ставив назад, ја пуштив плочата, се подигна оперативниот систем, shutdown и пак пробав да ги исчитам, да не случајно се случила некоја грешка. Пак истиот резултат... на исти локации, исти разлики. Не беа големи, разликите, баше некаде во почетните адреси беа, така да, си реков, ајде, најверојатно е само ID, кој е примарен а кој backup BIOS чип, а најверојатно тоа сам и си го запишува по прво подигање (first boot), така да, ако го запишам еден од двата BIOS-и и во двата чипа, би требало да се подгне, нели
. Wrong
. Со било која комбинација не сакаше да се подигне плочата (било кој од двата dump-а запишан истовремено во двата чипа). Само со комбинацијата „правилен dump во правилен чип“ плочата пак се подигна.
Не знам која плоча беше, Z серија на PCH беше, ама не ми текнува на конкретниот модел. Претходно пишав, не знам дали прочита. Intel решиле нешто да сменат кај Zxx серијата на PCH и тоа влијае на BIOS Boot-Up процедурата, па кај Zxy серијата на чипсети со Dual BIOS, ова што го пиша ќе работи, арно ама, кај Zxx нејќе
.
Затоа пишав, нема правила веќе. Порано беше друга приказна... со Legacy BIOS-ите (128, 256KB). BIOS-ите беа поделени на два или три блока. Сега... крај не можеш да им најдеш. Ма цел оперативен систем може да ставиш во тие мемории
, 4MB, 8MB... па Linux со BusyBox ќе собере како од шала. А и производителиве мислам дека користат такви финти. Сеуште не сум анализирал до толку, ама анимации на мениа, mouse support, flash memory и FAT32 support за BIOS Update... како на друг начин ќе го изведеш тоа ако не со micro kernel
.
... да не ги споменувам сите уреди кои ги приклучувам секојдневно на него и го малтретирам ко Шеќеринска у собрание
И дај престани да ме смееш рано по сабајле
. Нема да можам да заспијам сега
.
Осеќам, утре на работа со колегите „компјутерџии“ ќе падне смеење на репликава
.
Порано така бевме познати, како „компјутерџии“
. И мислам дека на никој не му беше јасно што точно правиме
.
И кај лаптопите има по два биоса, е таму претежно само дамп спасува, освен ако апдејт фајлот после екстракција не содржи да речеме повеќе фајлови од кои еден ќе биде пример 2MB, а другиот 4MB, споредуваш големината со исчитаните фајлови и само флешуваш.
Да, знаат такви финти сега да прават. И не е едниот backup на другиот. И производителиве си е*але мајката. Може поголемиот да содржи компресиран backup од оригиналниот. Ова еднаш го имам забележано кај extracted BIOS Update од еден понов HP лаптоп. Backup-от е најверојатно failsafe, ако поради X причини не успее BIOS Update, Баш го анализрав со IDAPro и поголемиот содржеше и некои други работи кои не се достапни како опции во менито на BIOS-от
. Од serial, до анализи слични што ги имаат електроникиве по колите... „километража“ (колку има работено
), SMART Data Backup, Shock Sensor Counter, Hardware encryption support (иако овој модел немаше таква опција) и ред други работи.
Ај, ова е тема сама за себе, на дискусијава може да и нема крај. Reverse engineering е тема без крај
.
Најзафркнати Update биос фајлови се оние со коишто истовремено се флешува и биосот и ЕС (embedded controller), тешко, понекојпат и невозможно е да се екстрактираат (исклучок на Dell), меѓутоа и да го екстрактираш и да ги добиеш двата фајла, ќе го флешнеш биосот, ама ако немаш како да го флешнеш ЕС, биосот нема да се совпаѓа со верзијата на ЕС и во тој случај биди среќен ако подигне Windows да можеш да го флешнеш преку официјалната алатка. И тоа ми се случи пред месец дена затоа сум во план да го набавам SVOD програматорот, ќе користи макар за отчитување дампови од ЕС, и дефинитивно понекогаш и за впишување на фајлови во истите. Згоден е затоа што нема лемење Rx/Tx/KBC IO итн итн, туку само го вметнуваш соодветниот флет кабел во конекторот за тастатурата и читаш/флешуваш.
Да, и јас се соочив со истиот проблем пред некое време и јас стигнав до истиот заклучок. Алатки дефинитивно се потребни, но стојат на листа за нарачување... барем сега за сега
. Се надевам дека за брзо време ќе ги имам на располагање
. А во меѓувреме, ќе гледам до максимум да ги искористам опциите на оние кои веќе ги имам
.