Види, калафониум немам користено да бидам искрен, ама за смд, па и за нормално лемење на trough-hole компоненти понекогаш, рма-223 не е воопшто лош, иако го користам кинескиот, нели
Го немам пробано тој NC-559 гледам го фалат, ќе мора и такво да набавам, да видам што чудо е. Во главно РМА-223 го тестирав на колку степени станува неупотреблив, тера докај 260-70 без проблем, после тоа испарува, фаќа кори и слично, а за нормален reballing или rewflow нема никаков проблем. Ја неретко го користам и за нормално лемење, едноставно ми се свиѓа каков сјај му дава на лемот.
А имам и ја печено графички, некогаш со флукс, некогаш и без. На една дури двапати и правев reflow, ама после месец два користење пак истиот проблем. Некои па и јавуваат coil whine при терет, не вадат коцки на монитор, него едноставно греат повеќе и цвичат. Ако е оксидиран некој вод, мислам дека ни reflow ни било каков флукс не го спасуваат. Оно и калајот после некое време станува неупотреблив, со оглед на mass production, знај дека не треба да се очекува некој врвен квалитет на компонентите. Поготово па оние карти што немаат bracket одзади, за тие знај дека не тераат ич долго после некоја интервенција на нив. Ок, игра улога и тоа дали се прави у домашни услови како нас, или на саглам станица. Али имам едно пријателче што работи во сервис и секојдневно се соочува со такви проблеми, вика reflow е буквално глупост, колку пати ми се имаат враќано назад, и веќе не правам такви заебанции, освен да видам дали ќе проработи, т.е. дали е до тоа проблемот.
Си ги видел русите што прават? Порачува чип од странство, му стига со куглици на него. Вика не, мене не ми е сигурно колку стар и каков е тој калај, ќе си го прекуглам сам па ќе го местам.
А тоа дека не ти имаат вратено ниедна, не ми имаат вратено и мене, има и друга страна на прикаската. Може човекот не сака веќе да ја прави картата, или нема веќе доверба во мајсторот, сеедно, може да има милион причини. А и во денешно време кога се ефтини деловите, кој ќе ти плати да речеме 2-3000 денари за поправка кога ќе најде друга карта за тие пари.
Инаку за мобилните телефони, викаш дека има пари во тоа. Ок, има, не викам не. Ама да речеме дека ти му наплаќаш 200 еври за поправка, уствари му мењаш матична или дисплеј со тач, тоа ја не го рачунам како поправка, него како продажба и замена на делови. И ти мораш да го платиш тој дел дебело, колку ќе наплатиш ти за себе, кога ќе тргнеш настрана царини, ддв, транспорти ова она? 30 евра? А да не спомнувам и тоа што те чека пипава работа од неколку часа. Кај е тука огромната конкуренција на пазарот со мобилни?
4 пати ми менуваа тач на мобилен во Мегамобил, и никако да се погоди да работи затоа што не е оригинален, и после еден месец се откажаа, ми го вратија телефонот со скршен тач. Дали вреди таа заебанција и за нив и за мене?
Батка ми вика да не му правам рачун на друг. (Батка ми личи на лош чичко наставник што тегне за бакембарда и маа чушки ако не се слагаш со него
) Не му правам на никого рачун, само го користам она што другите го отфрлаат како неисплатливо. Пријател инженер, со неколку вработени електроничари под негов надзор, ми носи километража од априлиа мотор, неговите електроничари рекле дека е неисплатливо да се прави, можело три дена да се поправа и пак да не работи на крај. Вика дај молимте види дали можеш да ја оправиш, нова кошта 250 евра. Пробале со исправувач за камиони со quick boost да го запалат моторчето, и биднало што биднало.
Мене не ми требаше ни пола ден да установам што е точно проблем, да набавам делови и да ја оправам плочата, а колку си наплатив, тоа јас си знам
Што ми е подобро, да си фатам некоја ваква работа, или да си трошам нерви на кинески мобилни со надеж дека делот што го вградувам 2 саата е исправен и нема да треба пак да ја повторувам процедурата?
Поентата е, исплатливо е да се поправа нешто вакво и тоа на саглам начин. Сега се земам сам себе за пример, половен T-Con чини 200 долари, и тоа половен, не нов. Чипот е 60 евра, кабелот уште толку.. ТВ-то не вреди толку, но немам пари за нов, а богами ни потреба. Единствена опција ми е да платам на некого 3-4000 да ми го среди како што треба, или сам да го средам. И нормално дека би платил мајстор кога не би имал друг излез или некакво познавање. Излезе дека сепак се исплати на крај, не потрошив ни 500 денари за делови, а ја завршив работата како што треба и плус научив нешто. И да платев некои 3-4000 за поправка, пак ќе ми се исплатеше.
Плус нешто што забележав и ме мотивираше да си го поправам тв-то, сестра ми зема ново самсунг телевизорче за некои ~20000, и ептен сум разочаран од квалитетот на истиот, бледи испрани бои, никакви функции, горе долу истите што ги имам на мојот, а башка и помал, 32инчи. Во денешно време секој кој бара да купи нов телевизор а ги разбира работите малку од малку, ќе сфати дека испод 500 евра нема саглам телевизор, а не секој може да фрли толку пари за тв.