Проблем со слика на LED телевизор Samsung LE40M91BX/XEC
Луѓе, дајте некој совет како да го решам телевизоров, душа ми извади овие денови, не можам едно филмче на раат да изгледам, ми ја осветлува сликата, преовладува сина боја и некако црните делови од сликата се blurry, како степенасто да ги процесира некако со бранови, не знам точно како да го опишам ова. Одамна почна вака да ми ја прави blurry сликата, само сега додаде и сина боја плус, и тоа некако го изразува во некои хоризонтални линии, се надевам од сликите ќе видите за што зборам. Интересно е што кога го растурив, зачистив флетовите од панелот, преконтролирав напони од напојување сите си беа уредни, го оставив да се олади и после еден саат го склопив, кога го уклучив сликата беше јасна како ден, перфекција, пуштив одма едно Bluray филмче да гледам, кога на пола филм (најверојатно кога загреа) одеднаш се осветли сликата и пак почна да ги покажува овие глупости. Истото се случува преку HDMI и SCART, и од кабловската истиот случај, единствено што не го пробав на аналогната. Дај посоветувајте што да му правам, ако воопшто може нешто да се направи, претпоставувам дека е некој ладен лем, само не можам да го локализирам никако, не знам од каде би почнал.
Инаку кога го земав телевизорчево, (го донесов од Германија) имаше проблем исто со сликата, се дуплираше долниот дел и се прикажуваше горе, пример преводот го има долу нормално, ама го има и во горниот дел, сменив некои надувани електролити во напојувањето, зачистив конектори, се среди во моментот, потоа се појавуваше на неколку пати истото, траеше по неколку саати или денови зависи, и ќе се изгуби преку ноќ како ништо да не било, тоа се среди, се нема појавено неколку месеци, сега ова...
Се работи за Samsung LE40M91BX/XEC