Здраво, имам проблем со телевизор Самсунг, не уклучува.
Модел CK-5020 T
Шасија SCT11D
Процесор SAA5290ZP/044
M52777SP
Шема во прилог
Во секундар има напон 146V и 14V
Проблемот е некаде околу IC802, во шемата е TDA8133 а во телевизорот е KA7630
На пиновите 1 и 2 на ова коло, доаѓа напон од 12V и 14V.
На пинот 4 нема напон
На пинот 6 има 4,5V
На пинот 8 нема напон, а треба да има 7,9V
На пинот 9 има 5V
Го заменив колото со ново, но се остана исто.
На процесорот, на пин 18 (power) има 4,9V во StBy а кога ќе притиснам тастер за уклучување, напонот паѓа на 0,4-0,5V. После отпорникот R910 10K, напонот е 2,9V во StBy и 0,4-0,5V на уклучено.
На колектор на транзисторот QT03 нема напон.
Може ли некој да ја разгледа шемата и да предложи решение?