Значи цареви сте бре луѓе, се надевам ќе најдам начин да ви се раздолжам некој ден.
За да ги испочитувам оние што одговориле по ред, ги проверив прво блок кондензаторите, капацитетно отстапуваат максимум 5%, ЕСР метар немам нажалост (глупчо, а според моиве потреби требаше десет да ги направам досега), а немам ни други такви од 2.5кV да ги заменам, само од 2кV имам, ама не ми се експериментира баш
Тома, сијалицата не свети со испумпан колектор, а баш би сакал да знам што проверувам со неа, пробиено трафо или остатокот од мрежата, инаку буквално истите симптоми се јавуват и дури е испумпан колекторот, шиштење и краткотраен тон од звучници, изгледа како да се мачи FBT-то да се наполни.
На 110 варира помеѓу 77-81V, на +15 е 0, на -15 е -5
Како што напоменав, шемата е различна, ја имам симнато истата, но компонентите не се тие, ТДА-то се исти, но другиве се различни, пример POWER Q501 е 2SC5287, Q502 e 2SC2655(тој е точен), Q503 е 2SA808, VN Q902 e 2SD2499, е сега можно е и ја да не те разбрав добро на кој транзистор да го испумпам колекторот, на Q501 2SC5287 или на Q902 2SD2499 чиј колектор доаѓа на B+, јас го испумпав колекторот од Q902 па така мерев, веројатно тука се зафркнав, како што пишувам, се повеќе се уверувам дека погрешно сум те разбрал
Има и плус регулатор за вертикалата Toshiba TA8403K, ако воопшто тоа прави некаква разлика во дијагностикава, многу ми е незгодно за мерење на мрежава, никаков пристап немам и едвај се снаоѓам да ја извртам некако за да можам да измерам без да изгинам
.
Гледам дека има тримерче или потенциометарче VR501 за регулација на B+, дали да се обидам на него да појачам волтажа или да не го пипкам ич?
Електролитиве не стигнав денес да ги купам, но утре со сигурност одам да ги земам.
Ви благодарам на одговорите уште еднаш.