Author Topic: "Клима" за овие топли денови во постари автомобили  (Read 2587 times)

Offline Jovicar

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 143
Најпрво позз до сите, би сакал да споделам една идеја и да ги видам вашите мислења околу т.н клима за во постари автомобили кои немаат можност за нормален клима уред, па дали ке успее оваа импровизација.
Значи јас имам голф 3 1.4 бензин и нема на моторот држач за клима компресор, може да се направи држач или да се искомпензира со држач од 1.8 али тоа е скапа варијанта. мислев дали би можело постоечките црева кои влегуваат во кабина за внатрешниот ладњак од парното само да ги ставам едно во друго водата од моторот да кружи, а на влезот/излезот од ладњакот да ставам едно казанче со вода изолирано(или поголем термос) и пумпа за вода од 12в. Додека е водата ладна ќе дува ладно а ладна вода во казанче од 10тина литри не би се стоплила толку брзо. Дури за ладење на водата би можело дополнително да се искомбинира и  Peltier Modul. Чекам ваши идеи, предлози па да почнам со реализација на проектов.  :D

Offline danix01

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
Водата има лоши карактеристики за да се користи за ладење.Таа претежно се користи за затоплување.Peltier Modul мислам дека нема да може да постигне да излади или ке треба да користиш многу од нив за да се осети ефектот на ладење.Но со вградување на повеке модули ке ти се покачи и потрошувачката на електрична струја  и ке се оптеретува електричната инсталација и не дај боже да дојде до пожар.
rules are made to be broken

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 709
  • Gender: Male
Jovicar, не! Тоа не е изводливо во ниеден случај. Ти кажувам од искуство, бидејќи таму каде што работев сум поправал и разладни системи, а со тоа ти кажувам дека добро знам како функционира разладен систем. Автомобилот има работна температура од 90 степени целзиусови. На 93 степени, или 95 се термостатот се отвора и започнува процесот на ладење, се уклучуваат и вентилаторите кои се наоѓаат на самиот хладњак. Со тоа температурата може да падне до 75 степени целзиусови и така ќе работи возилото до следното покачување на температурата до над 90 степени пред да почне повторно истиот процес. Нема теорија со вода или антифриз, макар и да има константна температура од 75 степени да правиш клима. Дури и да ја слезиш температурата со некој твој метод што не го разбирам, (Peltier Modul)ај да речеме до 20 степени целзиусови, тоа ќе биде температурен шок за блокот од моторот и тој може да напукне и тогаш моторот оди во канта.
Секое возило кое има клима, разладниот систем на климата е одделен од тој на моторното ладење, односно независен, и се користи течен фреон.
доколку сакаш клима за твојот Голф 3, оди во сервис и нека ти направат како што треба да биде. Водата во ниеден случај не може да го замени фреонот.
Hams do it! With Frequency

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Одг: "Клима" за овие топли денови во постари автомобили
« Reply #3 on 20.07.2015, Monday, 02:29:39 (Edited 20.07.2015, Monday, 17:19:27) »

Батко, мислам дека не го имаш разбрано убаво членот што сака да направи. Сака всушност да го исклучи парното од цела инсталација, воопшто да не оди антифриз во него, туку да ги откачи цревата од него, и да ги спои едно со друго, за да си циркулира антифризот во блокот и хладњакот без парното, а за парното да си направи друг засебен систем кој ке биде независен од остатокот на моторот.

Идеата како идеа, интересно звучи и е изводлива, само не знам кој би бил бенефитот од неа и дали воопшто би го имало. Сметај дека надвор знае да биде и плус 40, па без разлика што ќе биде во термос водата, после највеќе еден ден ќе се загрее. Ако не ти е мака, и имаш време да си се занимаваш и експериментираш, можеш да пробаш со вода што е пред смрзнување, или до 10 степени максимум и плус со пелтиеров модул, можеби и неколку, за да се одржува ниска температура така сигурно ќе има некој ефект, само сепак ќе треба да се менува водата со поладна. И да не ги заборавиме кедерите, тие скоро никогаш не дихтуваат добро, па ќе прима топол воздух колата од нив, истото се однесува и за шалт таблата
Ако те разбрав убаво, ти сакаш да го постигнеш ова на видеото, само со постоечкиот парно систем.

DIY home-made air cooler that actually works for $45.

Се на се, ако сакаш да го направиш да чини нешто, ќе треба и целиот парно систем да го изолираш некако, на пример да го обложиш хладњакот со тенок стиропор, цевките со термичка изолација, како што се става на самите клими во возилата, или на домашните водоводни и парно инсталации што одат во ѕид. Има многу работа во ова кога ќе размисли човек поубаво, а и да не ти излезе цената на крај како да си ставил оригинална клима :)
Ама ако го направиш, има да бидеш главен шизик у маало со уникатно возило :)

Offline Jovicar

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 143
Одг: "Клима" за овие топли денови во постари автомобили
« Reply #4 on 20.07.2015, Monday, 02:32:20 (Edited 25.07.2015, Saturday, 13:18:37) »

[/quote] Во исто време имавме напишано, инаку да тоа сакам да го направам само со парното од колата. Водата ќе ја менувам секој ден не е проблем да се смени водата. Дури помешана со малку антифриз може да се спушти уште подоле температурата. Цевките секако изолирани, и што пократки даи ма помало загревање. Кога би имало 12в компресор како од фрижидер би можело уште нешто да се импровизира. Ова не ми е толку за ладење колку што ми е за мерак :)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 709
  • Gender: Male
Одг: "Клима" за овие топли денови во постар
« Reply #5 on 20.07.2015, Monday, 14:17:30 (Edited 20.07.2015, Monday, 14:23:56) »
Ок, да. Внимателно ја прочитав повторно твојата идеја. Затоа сме тука да дискутираме. Значи ти сакаш да ги премостиш цревата од хладњакот, односно излезнто и влезното црево да ги споиш, на местото кое оди во кабината од возилото. Со тоа ќе го затвориш системот, а од друга страна на посебен резервоар за вода поврзан преку пумпа правиш друг систем само за парното, кое сега сакаш да го претвориш во клима.
Ок, теоретски тоа е можно, но не знам колку ќе биде добар ефектот. во секој случај како што спомнав погоре не може да лади толку добро како фреон, односно класичен клима уред за возило.
Најевтина алтернатива, да не премостуваш црева и да правиш несигурни експерименти, е да купиш портабл клима уред кој работи на 12 волти.

Code: [Select]
http://www.aliexpress.com/af/portable-air-conditioner-for-cars-12v.html?ltype=wholesale&SearchText=portable+air+conditioner+for+cars+12v&d=y&origin=n&initiative_id=AS_20150720042020&isViewCP=y&catId=0
има на алиекспрес, види побарај. 100 пати подобар ефект ќе добиеш.
Hams do it! With Frequency

Offline vgc9dctx9c

  • Нов член
  • *
  • Posts: 19
  • Gender: Male
  • Oprem dobro
Некој спиел кога требало да се учи физика.
Ofra Haza

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Веројатно ти не си спиел, па повели, објасни :)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3800
  • Gender: Male
Може да наравиш иветор 12-220 па така да покрениж компресор од фрижидер, такаизгледа нјреално, мада ти е се неколку стотина вати, додека компресорите за во кола се еколку киловати....

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 656
  • Gender: Male

Види тука мини клима на 12в
Code: [Select]
https://hackaday.io/project/5501-mini-aircondition
Сепак се ВРТИ !!!