Минатата Сабота на 4.07.1015 се одржа меморијалниот УКТ натпревар посветен на Никола Тесла. Многу земји од регионот учествуваа на истиот. Прилепскиот радиоклуб Z37FEF кој го носи името на Никола Тесла зеде исто така учество на натпреварот. Пријатно бев изненаден кога добив покана од истиот и со задоволство ја прифатив. Локацијата каде што учествувавме беше на Мусица, Крушевско, една од највисоките коти на Крушево која што е една прекрасна локација за одржување на врски.
Веќе имате заприметено дека на секоја моја тема постирам слики, можеби ќе рече некој дека се однесувам како на фејсбук, но верувајте во случајов една слика кажува 1000 зборови. Овој натпревар, односно прилепчани покажаа голем интерес за натпреварот и ова беше едно големо искуство за мене. Покрај натпреварот имаше и дружење и забава.
Мусица е некаде околу 1600 Метри надморска висина
Поглед кон Прилеп низ артилериски двоглед
Антените беа спаковани на делови и прво што работевме беше составување на антените
Истите беа фазирани да работат како една антена, со тоа се добива поголемо засилување
Подготвување на ротаторот за антената
Антената е крената
Имавме мал проблем. Едно од главните јажиња се скина и малку требаше антената да падне, но навреме реагиравме. антената ја слеговме, го закрпивме јажето и ја кренавме пак, сега антената беше добро поставена и затегната.
Без државното знаме ништо не правиме, едно од главните елементи
Откако беше се поставено, извршивме тестирање на опремата
Подготовка за првиот одмор, кафе пауза
Кога почна да заладува работата ја продолживме во шаторот (ЈНА)
Заборавив да напоменам дека како напојувања користевме агрегати и резервни акумулатори
Се работеше цела ноќ
Од опрема имавме:
ICOM IC706 mkII со напојување од 13.8 волти преку агрегат
Линеарен засилувач од 50 вати
Позиционер за антена
Две јаги антени 9 елементи, фазирани
столб околу 8 метра
ротатор за антена
два агрегати
акумулатори
Направивме околу 50 врски, најчесто со соседните земји, односно малку подалеку, ако ги земеме земјуте што не се граничат со Македонија, но претежно со балканските земји. За разлика од КТ каде што може да се работи со најдалечните земји, УКТ се работи претежно на далечина од околу 1000 километри.
Натпреварот траеше 24 часа. Резултатот не е лош. За следниот ваков натпревар ќе биде спремен еден линеарен засилувач од околу 200 вати, бидејќи имаше подалечни земји што ние можевме да ги слушнеме, но тие нас не можеа.
Овој натпревар за мене беше прв од ваков вид, бидејќи досега не сум камповал вака на овој начин уште од времето кога служев војска. Сепак беше интересно и во иднина ќе учествувам на сите вакви натпревари, било КТ или УКТ.