Имам пробано со откачени двата секундара (за греење и за ВН), пак не сака. Транзисторите BFJ46,2N708, диодите BA533, се извaдени и проверени на дигитален со диода тестер и покажуват како би требало. Останува уште двата кондензатора од 4,7nF, да ги проверам. Намотката во примарот има отпор 2x0.6Ohm, ако нешто значи. Мислам дека и со откачени секундари треба да заосцилира, така? Инаку другите напони се стабилни 70V, -12V, 5V, и екстерно му носам +12V, оној 21,5V го оставам само за VN делот, но кога ќе го вклучам паѓа на 7V, нешто се мачи со мултивибраторот? И плус ме копка зошто сите диоди BYF1202, не покажуваат ништо на инструмент, има 6 комада, 5 во мултипликаторот и една таму горе на -570V? И плус 7812 е изваден и проверен екстерно, добро стабилизира.