Ок, дечки побарав да не случајно го има проблемов веќе некаде објавено но не успеав ништо слично да најдам.
Значи за старт, не сум професионален сервисер но имам основно познавање од електроника.
Телевизоров е најверојатно рикнат од промена на напон (удар на гром, мислам).
Штом го стартувам на главниот прекидач се пали доле црвената лед диода и влага у стендбај.
Кога ќе се обидам да го вклучам се гаси цревената лед д. и на екранот се појавува хоризонтална зелена/мешана тенка линија. И за неколку сек. се гаси и повторно влага во стендбај.
Отворен ми е задниот дел и искрено немам појма од кај да почнам.