Вака gerce и останати кои читаат и имаат потреба понекогаш да побараат помош.
Името или „брендот„ во денешни услови кога најмалку „79.56%“ од апаратите од белата техника и електрониката доаѓаат од таму од кај изгрева сонцето, илити Кина не значи скоро ништо или „2.38%“ нешто. Тие произведуваат разни склопови а и готови производи од било која област а истите се вградуваат во разни „марки и модели“ кои носат бомбастични имиња (се вели трговска или комерцијална „патка“) за да може да му се потури (читај да се излаже потрошувачот).
За да не должам многу најмеродавен податок (96.39% ) за кинески прозводи е точниот назив или ознака на шасијата од лице место (иако понекогаш и тоа не е доволно)
Во корист е!, на оној кој бара помош, да ја напише ознаката на шасијата, ознаките на сите IC-а, екран, високонапонски трансформатор и друго што смета дека е релевантно.
Пред да ја постави темата со сите релевантни податоци,потребно е да ја опише неисправноста, каква е и со што се манифестира и да напише кои дејствија ги има направено и што и каде има мерено со податоци за истите.
Во случајот NEO TV-2151TXF и NEO TV-1423 се безвредни податоци или податоци за погодување!
Па сега кој како сака и милува, а Севишниот нека му е напомош!