Не сум видел, ама сум чул дека само казаните од бојлерите ги боеле мат црни и ги поставувале на кров од куќа и толку . Имаш топла вода цело лето. Зимно време, го затвораш тој вентил и го пушташ вентилот за внатрешниот бојлер (оној на струја ).
Како би се извело се ова со цевки, пумпи, вентили и други тракатанци, не знам, ама сум чул дека е можно и дека се правело.
Многу е исплатливо Гига, кај мене имам таков, три вентили, еден од водовод до тој бојлерот, друг од болјерот до чешма, и трет од водовод до чешма.
Во лето кога сакаш да се капиш со вода од него, го затвораш вентилот од водовод кон чешма и го отвораш од бојлерот што ти е на куќа до чешма, просто а ефективно. А бојлерот и онака ни беше за фрлање...
Во лето има заштеда, е сега добро, во зима не може ама доволно е и ова во лето, а мислам најефективно би било бојлерот да се прекрие со оној материјал што ја апсорбира топлината кај комерцијалните колектори, тој има голем степен на претворање на сончевата енергија во топлинска...
Иначе, кинезите се прават, не е чудо да ставиле 15А тријак во солид стејт релето, затоа што ретко кој го користи над таа вредност, а и кинеските 15А тријаци знаеме колку крепат...
Како и да е, треба да се обрне внимание се да се поврзе како треба, соодветно за јачината на струјата која ќе треба да ја поднесе, тоа треба да е приоритетно... Како и да е со среќа во изработката...